Катица Јанева фатена во нова лага!

Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите.Откако пред помалку од месец дена Kатица Јанева беше фатена во лага, со барањето на службен стан од Владата на Република Mакедонија или пак закупнина на стан во Скопје, специјалната јавна обвинителка сега повторно е фатена во лага.

Телевизија АЛФА денеска објави документи според кои СЈО аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација.
За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство, стои во „Јавниот повик“.

Според документите, Јанева понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите  во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари, и пишува дека намената е овоштарство. Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик  бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија.
Откако завршил јавниот повик, во декември, Земјоделие од бирото за судски вештачења побарало да се провери веродостојноста на понудите, односно дали насадите се постари од три години. Во извештајот на вештаците пишува дека утврдиле спорни понуди на 4 локации, кај повеќе лица, а една од спорните понуди според напишаното во извештајот била и понудата на Јанева. 70 отсто од нивите според наодот што го напишале вештаците не бил засаден со овошје, смокви стари повеќе од 3 години имало само на 30 отсто од земјоделската површина.

Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите.
По објавувањето на документите од телевизија Алфа, Јанева денеска не се јави со никаков одговор. Останаа неодговорени прашањата дали е точно дека СЈО се јавила на јавниот повик за доделување на земјиште и дали е точно дека под полна морална и кривична одговорност тврдела дека има насад од смокви стари над три години. Документите кои ги објави телевизијата, и празните ниви покажуваат дека дека Јанева повторно е фатена во лага.
Со ова, Јанева е втор пат фатена како дава лажен исказ. За потсетување, првиот пат беше кога бараше државен стан затоа што немала стан во Скопје, а после потпишала изјава дека нема стан поголем од 80 м/2, а има два стана во Скопје.
Во првата изјава која е наведена во барањето, Катица Јанева тврдеше дека не поседува стан или куќа во Скопје и бара да ѝ се одобри на користење службен стан или да ѝ се определи надомест за закупнина на стан во Скопје бидејќи живее на повеќе од 100 километри оддалеченост од градот.

Во втората изјава, пак, приложена кон барањето, Катица Јанева пред нотар вели дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат во сопственост или под закуп стан или куќа во Скопје со површина од најмалку од 80м2.
Единствено логично образложение зошто Катица Јанева споменува дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат стан од над 80м2 е фактот дека Катица Јанева веќе имала наведено во анкетниот лист дека на име на нејзините деца се водат два луксузни стана во центарот на Скопје кои навистина се под 80м2.Откако пред помалку од месец дена Kатица Јанева беше фатена во лага, со барањето на службен стан од Владата на Република Mакедонија или пак закупни

Пронајдете не на следниве мрежи: