Катица Јанева ја одобрува валканата кампања на Зоран Заев!

Наместо конкретни идеи и проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните, најголемата опозициска партија целото време го троши на конструкции, деструкција и провидни манипулации, а во јавноста веќе е познато дека главниот адут на СДСМ е Катица Јанева, која ја одработува валканата кампања на опозицискиот лидер Зоран Заев.Од една страна адутот на СДСМ е Катица Јанева, која има добиено насока преку измислени и неаргументирани барања за истраги по секоја цена да отвора случаи и тормози и јавно да етикетира луѓе со разно разни лаги и политички квалификации.  Од друга страна, кадрите на СДСМ кои управуваат со институциите до сега не понудија ниту еден проект. Нивно дело се бркање на 40 луѓе од работа од страна на техничката министерка Фросина Ременски која на дело ја спроведува стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер.
„Космос“ е кристално чист- СЈО ќе го искористи во политичката борба во полза на Заев
 
Се очекува дека следен случај кој ќе го отвори Јанева е „Космос“, каде иако се’ е кристално чисто ќе се искористи во политичката борба во полза на Заев. За овој случај деновиве коментираше и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вели дека „Космос“ е класична дивоградба, а тоа било потврдени и од Управниот суд и од самиот инвеститор.
– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески во интервју за ТВ НОВА.
Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.
Конструкциите и подметнувањата на СДСМ се распукуваат како балон од сапуница
Вториот сегмент на кој СДСМ обрнуваа внимание се конструкциите. Па така, тие по секоја цена се обидуваат да го девалвираат процесот на избори и избирачкиот список. Последен пример беше пратеничката Даниела Рангелова која ја посочија дека на нејзината домашна адреса води 120 гласачи кои се регистрирани.
Сепак, ваквата аматерска и провидна манипулација на „Фокус“ беше веднаш разобличена и веднаш се разоткри нивната лага за фиктивни гласачи. Даниела Рангелова од Центар вчера се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.
– Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.
Веднаш стана евидентно дека не само што не се работи за истата Рангелова, туку и тие не ја познаваат државата па не знаат дека во руралните места на тој начин се обележуваат улиците каде има повеќе семејства.
Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има над 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.
Третиот сегмент кој е столб на однесување на СДСМ се подметнувањата околу Уставниот суд. Тука е совршено јасно дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот како што беше и во 2009-та година, но она што не е исто е ставот на СДСМ кој се менува во зависност на дневните потреби, па целата ергела на соросоидни поддржувачи, истите тие кои се појавуваат на сите протести, сега демонстрираат пред Уставниот суд.
Кадрите на СДСМ ги кочат проектите и ја спроведуваат стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер
Од друга страна, кадрите на СДСМ кои управуваат со институциите до сега не понудија ниту еден проект. Нивно дело се бркање на 40 луѓе од работа од страна на техничката министерка Фросина Ременски која на дело ја спроведува стратегијата на Заев за бркање од чистачка до министер.
Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е до гуша заглавен со сомнителни криминални случаи како што е поврзаноста со Захир Бекири- Чауп и „Фабриката за афери“ на СДСМ.
Заменик министерот во МИОА Александар Кирацовски, замeникот министер за финансии Кире Наумов и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски не продолжија ниту еден конкретен проект и се занимаваат со кочење на веќе постојните.
Дополнително, Спасовски својата неспособност ја покажа и за време на протестите поврзани со изградбата на крстот во Бутел, каде демонстрантите Албанци ги пушти да ги уништуваат темелите на крстот, а на Македонците им пушти полиција.
-Го слушаме и не можеме да поверуваме. Со огромна доза на страв, неуверливо, преплашено, ни вика немало нарушување на јавниот ред и мир.  А кога Македонците, жителите на Бутел  побараа да дејствува според закон тој им ја прати полицијата, а  протестанти Албанци ги пушти да ги рушат темелите на крстот, слободно и непречено, реагираа вчера од Здружението на бранители БЕДЕМ.
Како бранители, додаваат тие, најодговорно тврдат дека како министер за внатрешни работи после Љубомир Фрчковски , Оливер Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата и за државата.
ВМРО-ДПМНЕ насочена кон проектите- пародијата на СЈО никој не ја смета за закана
Целото време СДСМ го троши на деструкција, а веќе е познато дека главниот адут на СДСМ е Катица Јанева. На Јанева од ВМРО-ДПМНЕ гледаат релаксирано и е предмет на шеги и штосови. Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата специјално обвинителство.
Освен добрите штосови и шегите по социјалните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. Целта на СДСМ им е да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи, пратеници и членови на раководството на партијата.
Медиумите веќе објавија дека меѓу правниците нашироко се кажуваат вицови за однесувањето и некомпетентноста на СЈО, како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на правен подобро би се снашол.
Исто така медиумите објавија и дека Притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротивставел една група најлојални заевисти таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена.
Народот го има ова прочитано, односно му е сосема јасно дека на овие избори ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга.
Во ВМРО-ДПМНЕ ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во 5-та брзина, пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.Од една страна адутот на СДСМ е Катица Јанева, која има добиено насока преку измислени и неаргументирани барања за истраги по секоја цена да отвора

Пронајдете не на следниве мрежи: