ЌЕ БАРАТЕ УШТЕ: Пијани труфли со чоколадо и портокал!

Доколку сте по експериментирањето во кујната и сакате да подготвите малку поинаков и вкусен десерт, тогаш овој рецепт е вистинското решение за вас!Потребни производи:
1/2 чаша + 2 лажици полномасно кокосово млеко
1/2 портокал, кората изрендана на ситно и исцеден
2 ипол лажици несолен путер
250 грама црно чоколадо
40 грама текила
незасладено какао во прав
Начин на приготвување:
Во мал лонец измешајте ги кокосовото млеко, сокот од портокал и ренданата кора од портокал и загрејте ги на средно силен оган. Откако смесата ќе зоврие, тргнете ја од ринглата и оставете да отстои 1 час.
Исечете го чоколадото на ситно и ставете го во сад.
Вратете го лонецот на топлина, додадете путер и мешајте додека не се изедначат состојките.
Кога мешавината ќе се изедначи, истурете во неа чоколадо и мешајте додека парчињата не се растопат целосно. Додајте текила и повторно промешајте.
Оставете смесата да се излади и ставете ја во фрижидер да се стврдне.
Користете лажичка за да направите тартуфи со приближно еднаква големина. Оформете ги со раце, тркалајте ги во какао и принесете ги на чинија.
Уживајте!
Фото: wickedspatula.com

Пронајдете не на следниве мрежи: