Ќе биде тешко, но ќе се игра со срце на терен

Македонската кошаркарска репрезентација по тридневни подготовки во Скопје, денес заминува за Словенија, каде што утре и во недела ќе одигра два пријателски натпревари со Украина и со Словенија.Од македонската кошаркарска репрезентација има одредена мотивираност во пресрет на претстојното Европско Првенство кое ќе се одигра во Словенија.
„Сега сме поискусни, иако сите други селекции веќе нема да не гледаат како аутсајдери. Вероваум во оваа репрезентација која константно бележи подобри резултати“ вели Предраг Самарџиски за „НоваМакедонија“.
Селекторот Алеш Пипан, признава дека ќе биде тешко, но тој верува во своите играчи и нивната способност.
„Ќе биде тешко да се повтори успехот од Литванија, но верувам во овие играчи и во нивната способност да одат и погоре од тој историски успех“ вели селекторот Пипан.
Илија Мерџановски, директорот на репрезентациите, за „НоваМакедонија“ изјавува дека не треба да се исклучи Тодор Гечевски, кој иако не е на списокот на Пипан, сеуште е отворено прашањето дали ќе биде вметнат во составот.
Евентуалниот висок пласман на нашата селекција на турнирот во Словенија, би ни донел директен пласман на Светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи наредната година.
Извор/Изјави/Фото: НоваМакедонија
Кликнете ТУКА и прочитајте ја целата сторија.Од македонската кошаркарска репрезентација има одредена мотивираност во пресрет на претстојното Европско Првенство кое

Пронајдете не на следниве мрежи: