„Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен“-СДСМ и СОРОС со закани!

„Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен“ – порача преку својот фејсбук профил Општинската организација на СДСМ од Кавадарци во пресрет на најавените протести кои ги организира партијата со помош на невладините организации под капата на Соросовата фондација во земјава.СДСМ и СОРОС за утре ги најавија протестите преку кои имаат намера да извршат насилство и притисок врз Судот за да носи одлуки какви што од партијата сметаат дека треба да бидат донесени.
Уставниот суд во секоја земја е браник на државноста и ваквите настапи на СДСМ не може да се толкуваат никако поинаку освен како обид за да се зададе уште еден сериозен удар врз Република Македонија.
Соросовиот активист Петрит Сарачини јавно ги откри плановите на СДСМ и СОРОС дека доколку уставните судии судат согласно Уставот и своите убедувања, а не согласно ставовите на СДСМ и активистите на СОРОС, тогаш ќе се соочат со нивниот гнев.
 

Сличен настап пред неколку дена имаше и неговиот партнер од соросовите невладини организации Славчо Димитриевски, кој на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.
 

Дека не станува збор за коинциденција, туку за добро разработен заеднички план, потврди и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, порачувајќи вчера од партиски настан во Гевгелија како требале да судат Уставните судии, а како не смееле.
 

Остана нејасно во кое својство Оливер Спасовски го повикуваше Уставниот суд, но Спасовски освен што е генерален секретар на СДСМ, во моментов е и технички министер за внатрешни работи и има обврска да обезбеди услови уставните судии да одлучуваат без никакви притисоци, единствено врз основа на уставот.
Досега од страна на МВР предводено од Оливер Спасовски не се преземени никакви мерки кон оние кои се закануваат со палење, гнев и насилство врз уставните судии. Напротив, со своите изјави Оливер Спасовски излегува надвор од своите ингеренции и врши директен притисок од извршната кон судската власт, стимулирајќи одмазда и притисоци врз судот. Практика и преседан каква што досега не е видена никаде.
Инаку, СДСМ и СОРОС протестираат заради оценување на уставноста на член од Законот за помилување за кој и самата партија во 2009 година, кога беше предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ, сметаше дека е во спротивност со Уставот.СДСМ и СОРОС за утре ги најавија протестите преку кои имаат намера да извршат насилство и притисок врз Судот за да носи одлуки какви што од партија

Пронајдете не на следниве мрежи: