Ќе падне грчката влада?

Грчкиот парламент доцна попладнето ќе одржи седница на која ќе се гласа за недоверба на коалициската Влада на премиерот Андонис Самарас. Предлогот за гласање недоверба го поднесоа од опозицијата, по полициската операција во четвртокот во зградата на поранешната државна радио-телевизија ЕРТ.
Како што јавува радио Атина, во текот на денот ќе има дебати, а се очекува гласањето за недоверба да биде поддржано од СИРИЗА и од други три опозициски партии – Независни Грци, Златна зора и од Комунистичката партија.
Демократската левица ќе присуствува, но ќе биде воздржана како и двајца независни пратеника.
Некои велат дека со ова може да падне владата на Грција. 
Иако коалициската Влада на Нова демократија и ПАСОК кои се на власт веќе 1,5 година и имаат слабо мнозинство од 155 места во парламентот во кој има 300 членови, аналитичари тврдат дека нема ризик да падне Владата во момент на чекори за политичка и економска стабилизација на Грција во изминатите неколку месеци. СИРИЗА закажаа и демонстрации за вечерва пред парламентот поради економската политика на Владата.Предлогот за гласање недоверба го поднесоа од опозицијата, по полициската операција во четвртокот во зградата на поранешната државна радио-телевизи

Пронајдете не на следниве мрежи: