Ќе продолжи стипендирањето на студентите кои ќе се запишат на 100-те најдобри универзитети.Ова денес го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваа на отворањето на Деновите на образование и кариера.
-Во новата четири годишна програма на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме со мерките за поддршка на образованието, продолжува мерката за стипендирање на секој поединец кој ќе успее да се запише на 100-те најдобри универзитети во светот, со целосно покривање на сите трошоци на студирање или на 200-те најдобри универзитети во областа на техничките науки, посочи Јанкулоска.
Јанкулоска нагласи дека ќе продолжат и со поддршка на студентите во Македонија, бидејќи како што рече, ништо не може да го замени знаењето и тоа е единственото нешто што е капитал на поединецот.
Во рамки на отворените Денови на образование и кариера, Јанкулоска го посети и штандот на Министерството за внатрешни работи кои традиционално шеста година по ред учествуваат на овие отворени денови.
Целта на МВР е матурантите и полуматуранти во пресрет на нивните прослави да се едуцираат за да може да ги препознаат и надминат ризиците во периодот на прославите, но и да ја подобрат личнат и целокупна безбедност на учениците.Ова денес го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуств