Ќе се уредува третиот дел на Парк Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ денеска /27.06.2016 година/ присуствуваа на почетокот на уредувањето на третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.-  Град Скопје заедно со Општина Карпош ќе го уредуваат третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Градот Скопје ќе уредува зелена површина од околу 6.000 квадратни метри, на којашто ќе постави систем за наводнување. При уредувањето на овој парк нема да биде исечено ниту едно дрво од веќе постојните, а дополнително ќе бидат засади уште 61 садници. За реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 4 милиони денари. Сакам да истакнам дека Градот Скопје има успешна соработка со Општина Карпош и на други проекти, како што е поставувањето на фекалната и атмосферската канализација во Злокуќани и во Нерези – рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дела на Прк Македонија ќе биде на површина од околу 10. 000 квадратни метри, од кој Општина Крпош ќе уредува партерно околу 4.000 квадратни метри, за кој од буџетот имаат издвоено околу 20 милиони денари. Тој потенцираше и дека  досега со Градот Скопје успешно соработувале на 7 проекти.   
На уредувањето на новата зелена површина ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.-  Град Скопје заедно со Општина Карпош ќе го уредуваат третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Голог

Пронајдете не на следниве мрежи: