Сите членови на Државата изборна комисија поднесоа оставка, освен претставникот од БЕСА, Ермира Асани-Алија. Сепак се поставува прашањето дали можеби покрај овие оставки можеби треба да следуваат и други понатаму, пишува порталот Денешен. Во јавноста се поставува прашањето дали оставка ќе поднесе и генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев, кадар на СДСМ. Тие велат дека покрај членовите и тој треба да поднесе оставка.
Имено, иако генералниот секретар на ДИК треба да биде независен, сепак тој и во минатото, а може да се каже и сега е политички активен, тој е сопруг на претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева, која беше на советничката листа на СДСМ.
Брачниот пар Јанчеви често можеа да се видат на протести организирани од страна СДСМ.
Околу случајот со брачниот пар Јанчеви од ВМРО-ДПМНЕ реагираа уште пред повеќе од 2 месеци.
-Во овој случај имаме κласичен судиρ на интеρеси и непотизам а пρетседателот на Дρжавната избоρна κомисија, Чичаκовсκи κој е паρтисκа испостава на СДС и Зоρан Заев, пρодолжува да молчи за овој сκандал. Ова е гρубо κρшење на избоρниот заκониκ. Со ова се потвρдува деκа Генеρалниот сеκρетаρ κој тρеба да е непρистρасен во своите одлуκи и да ρаботи споρед заκонот, тој ќе фавоρизиρа и ќе ρаботи во насоκа на интеρесите на својата сопρуга и нејзината политичκа опција СДС, изјави на 6 октомври Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Второ прашање кое се поставува е дали сопругата на Игор Милев, кој поднесе оставка од член на ДИК, а беше исто така кадар на СДСМ, Тања Милева.
Таа за судијка во Апелациониот суд беше избрана на 23 ноември оваа година, а тогаш кај граѓаните се постави прашањето, дали ова дел од независното судство кое СДСМ го ветуваше, ако се знае дека нејзиниот сопруг е партиски кадар на владејачката партија.
Со реакција за поставувањето на Милева за судијка во Апелација со реакција излезе и ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството за кои декларативно се залагаше СДС доживуваат вистинско фијаско. Наспроти заложби за јакнење на независноста на судскиот систем, СДС преку владините механизми и политичките влијанија врши брутален упад во судскиот систем, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Прекршен е законот за судови, во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови. Последниот избор на судии во Апелациониот суд во Скопје покажува дека за судии се избрани лица кои имаат помалку бодови, и стаж од оние кои се повисоко рангирани. Зад плаштот на реформи се врши избор на судии по теркот на Заев и СДС. Дел од членовите на судски совет имаат должност да објаснат, согласно препораките на Прибе и Европската комисија, како е избрана Тања Милева за апелационен судија со само 7 години стаж, а не ги избира Лазар Нанев прворангиран со 261 бод и 15 години работен стаж или Габриела Најдова со 260 бодови и 9.5 години работен стаж, или пак Диана Груевска Илиевска со 260 бодови и 11 години стаж. Одговорот на оваа дилема го дава фактот што токму новоизбраната судијка Тања Милева, е и сопруга на Игор Милев кој е избран член на ДИК по предлог на СДС, потенцира Стаменковска.
Таа тогаш додаде дека вториот скандал е изборот на Зоран Герасимовски за апелационен судија кој е со само 222 бодови, и 12 години работен стаж, а не е избран прво рангираната судијка Радмила Карановиќ со 260 бода и дупло повеќе години работен стаж односно од 21 година, или пак Мирјана Николовска Калчиноска која има 260 бода и исто 21 година работен стаж, или пак судијката Ирена Костадинова со 12 години стаж, и 260 бодови. Инаку избраниот судија Герасимовски е во кумски односи со висок функционер на СДСМ.
-Ова е јасен доказ за политички упад во судството. Ова е спротивно на законот, преставува политичко погребување на судството и е во насока на креирање на атмосфера на страв присутна кај судиите. Очигледен политички диктат од власта на СДС врз судството. Го повикуваме јавното обвинителство да реагира, да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2. Истовремено нарушени се и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што повикуваме и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница, заврши Стаменковска. Во јавноста се поставува прашањето дали оставка ќе поднесе и генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев, кадар на СДСМ. Тие велат дека покрај членов



