Ќе ве полазат МОРНИЦИ: Ова се најпознатите НЕОБЈАСНЕТИ телефонски повици!

Loading...

Низ историјата има многу чудни инциденти што влучуваат мистериозни повици што придонеле чудните настани да изгледаат уште повознемирувачки.Еден од нив се случува на озлогласениот 22 ноември во 1963 год. на одговорниот оператор во Окснард, Калифорнија. Јавувачот го предупредува одговорното лице дека претседателот Кенеди тој ден ќе биде убиен и дека владата ќе гори.
Уште поморничаво е што лицето го знаело точното време кога Кенеди ќе умре и ова се покажало како точно.
Имено, јавувачот прво рекол дека Кенеди ќе умре во 10 часот и 10 минути, а потоа се поправил и го променил времето во 10 часот и 30 минути. Овој детал е клучен затоа што пристигнувањето на автомобилот на Кенеди што требало да биде во 10:10 било одложено за 10:30.
 
-Друго необјаснето јавување е она во 2008 година, каде 49-годишниот Чарлс Пек загинал во судир на возови. Едно од последните тела што ги извадиле од хаосот бил Чарлс, за кој аутопсијата покажала дека инстантно умрел во судирот и неговиот телефон бил смачкан. Но, во времето меѓу настанувањето на несреќата и доаѓањето на првата помош, семејството на човекот примило повеќе повици, на кои се слушала морничава тишина.
 
-1990 година: Рибарскиот брод „Кејси Никол“ почнува да тоне во Атлантскиот океан. Тројца членови на екипажот отпливуваат со спасувачки брод, додека Нејтан Нисмит останува верувајќи дека побезбедно е да чека да го спасат. Откако групата се оддалечила, Нисмит тврдел дека видел како голем товарен брод пристигнува во близина на спасувачкиот брод. По 4 дена, Нисмит е спасен, но остатокот од екипажот никогаш не е пронајден.
Неколку месеци подоцна, членови на семејствата на исчезнатиот екипаж добиваат чудни меѓународни телефонски повици на шпански и на лош англиски јазик. Заклучиле дека повиците се од морнар од мистериозниот брод што ги спасил, бидејќи ветил: „Ќе ги вратам дома“. Ветувањето никогаш не се исполнило.

 

-Една ноќ во 2008 година, Брендон Свонсон возел кон својот дом во Минесота, кога ненадејно излетал во ровот покрај патот. Се јавил на родителите да им ја каже локацијата, но тие долго време возеле светејќи насекаде и не можеле да го најдат. Разговарале на телефон 45 минути во обид да се најдат, и тој се упатил кон град што бил близу.
…Но, сред разговорот, без никакво предупредување, Брендон очигледно исплашен извикува пцовка и повикот прекинува.
Автомобилот е најден далеку од местото каде што се мислело дека е тој, но од Брендон нема ни трага. Тој до ден денес се води за исчезнат.
 
-Дона Лас е млада медицинска сестра од Калифорнија која последен пат е видена како си оди од работа по завршувањето на смената во 1 часот и 40 минути по полноќ, на 6 септември 1970 година.
Наредниот ден, анонимно лице се јавува кај шефот на Лас и кај сопственикот на станот во кој престојува под кирија, и им кажува дека таа мора да замине од градот на некое време. Автомобилот на Лас подоцна е најден паркиран пред нејзиниот стан, но таа исчезнува без трага.
Во близина се пронајдени очилата што таа ги носела, но никогаш не е пронајдено тело.
Подоцна стигнува пошта од познатиот сериски убиец „Зодијак“, набројувајќи ја Лас како своја жртва.Еден од нив се случува на озлогласениот 22 ноември во 1963 год. на одговорниот оператор во Окснард, Калифорнија. Јавувачот го предупредува одговорн

loading...