Ќе ви требаат само 15 минути: Подгответе ги овие превкусни топчиња со топено сирење

Подгответе си нешто брзо кое ќе ги задоволи апетитите на целото семејство.Сочни моцарела топчиња со лук.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
8 чешниња лук
1 лажица оригано
3 лажици стопен путер
3 лажици маслиново масло
250g готово тесто
Моцарела
Подготовка:
Измешајте ги во блендер лукот, ориганото, путерот, маслото и стопениот путер и блендирајте ги додека не добиете компактна смеса.
Земете го готовото тесто и измесете го добро додека не добиете потенок слој. На тестото премачкајте ја смесата која претходно ја подготвивте. Додадете малку буковец (благ или лут по желба).
Пресечете го тестото на коцки и на секоја коцка ставете топка моцарела. Навртете го тестото околу парчето моцарела и месете додека не добиете топка.
Топките тесто со моцарела ставете ги во сад во кој претходно ќе додадете маслиново масло и печете ги во рерна на температура од 190 степени, 15 минути.
Откако ќе забележите дека тестото веќе добило златно-жолта боја извадете ги топчињата.
Наросете ги со пармезан.
На здравје!Сочни моцарела топчиња со лук.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
8 чешниња лук
1 лажица ор

Пронајдете не на следниве мрежи: