Извршниот директор на Кемет електроникс Гвидо Галени, во интервју за Лидер открива дали се задоволни од водењето бизнис во земјава – една година откако компанијата почна со работа во Бунарџик. Галени информира дека во иднина компанијата планира зголемување на производството и бројот на вработени. Исклучително се задоволни од работата и заложбите на ТИРЗ во насока на подобрување на условите за работа. Ја користиме секоја можност за препорака на Македонија на странските инвеститори, потенцира Галени.
Вашата компанија во ТИРЗ Скопје 1 почна со работа во октомври минатата година. Колку сте задоволни со резултатите и услови за водење бизнис во Македонија досега?
Досега очекувањата се поклопуваат со она што го видовме во нашето првично истражување за земјата. Дирекцијата за ТИРЗ има направено и се уште прави одличен “ after care“ сервис и тоа се уште континуирано го прави.
Дали имате било какви забелешки во врска со деловната клима во земјата? Дали сте соочиле со некакви проблеми / предизвици кои негативно влијаеле врз вашиот бизнис до сега? Имате ли поддршка и помош од институциите?
Јас се уште сметам дека сме на почетокот и ова е момент на предизвик. Имавме некои мали проблеми кои веќе се разрешени во партнерство со раководството на Дирекцијата за ТИРЗ. Во однос на бизнис-климата, ние извезуваме 100 % од нашите производи и на тој начин бизнис климата во земјата и локалната економија не влијаат толку врз нас. Но морам да кажам дека сме задоволни од општите услови за водење бизнис.
Колку луѓе се веќе вработени во вашиот објект? Дали сте задоволни со работниците кои се регрутирани досега и дали сте се соочиле со некои предизвици во оваа област?
Во моментов имаме вкупно 190 вработени, но таа бројка континуирано расте. Она што го гледаме е јаз помеѓу потебите на бизнисот и достапноста на таквите вештини. Ние како компанија треба да направиве специјални обуки за вработените да дојдат до соодветно ниво на знаење и вештини и за тоа е потребно време. Земајќи се во обзир, ние сме задоволни.
Кои се вашите идни планови за вработување и каков вид на вештини ќе бидат барате?
Ние треба да растеме како компанија и да го подигнеме нашето ниво на вештини кое ќе ни овозможи да инвестираме во различни производни процеси. Денес ние го развиваме идното раководство на нашата македонска компанија и успешноста ќе ни овозможи двојно да го зголемиме производството и бројот на вработени во блиска иднина.
Кои беа ефектите од европскиот криза за Кемет?
Како и сите компании кои водат бизнис во еврозоната и ние не сме имуни на негативните флуктуации. Локациите nа нашите фабрики во Европа се позиционирани на начiн да може до максимум да се минимизираат ефектите на вакви кризи . Ова е време на предизвик за сите.
Си-Ен-Ен ја овозможи почетната искра, за Кемет да дознае за Македонија. Откако инвестиравте, дали ја препорачувате Македонија на некои од вашите клиенти?
Ние ја користиме секоја можност за да ја препорачаме Македонија и континуирано се среќаваме со нови потенцијални инвеститори кои доаѓаат на посета кај нас. Самиот факт што сме тука е реклама, сама по себе.
Извор: lider.mk Галени информира дека во иднина компанијата планира зголемување на производството и бројот на вработени. Исклучително се задоволни од работат