Кери и Лавров во маратонски 12-часовни разговори за Сирија

Шефовите на дипломатиите на Русија и САД Сергеј Лавров и Џон Кери во Женева разговараа повеќе од 12 часа за соработката на евоен и хуманитарен план во Сирија.После маратонските разговори, Кери истакна дека Вашингтон и Москва „постигнале јасност“ во врска со начинот на постигнување примирје во Сирија, но дека техничките детали претстои да се решат.
Кери прецизираше дека американски и руски технички експерти во следните денови ќе ги продолжат разговорите во женева заради решавање на серија прашања, додека Лавров рече дека „некои работи уште треба да се финализираат“.
– Не сакаме договор само за да имаме некаков договор, рече Кери по синоќешната средба со Лавров. – Сакаме да имаме нешто, што ќе биде ефикасно и што ќе користи на народот на Сирија, што ќе го направи регионот постабилен и посигурен и ќе не доведе овде во Женева на масата за преговори, за да се најде политичко решение, појасни шефот на американската дипломатија.
– Мислам дека во најскоро време ги ќе претставиме плодовите на нашите заеднички напори, рече Лавров, цитиран од ДПА.
И двајцата дипломати јасно ставија до знаење дека околу прекинувањето на огнот се уште има разлики за надминување, но и двајцата истакнаа дека решението е многу блиску.
Тие исто така информираа дека разграничувањето меѓу бунтовниците кои ги поддржува САД бунтовници и поврзаниот со Ал Каеда -Фронт „Ал Нусра” бил еден од проблематичните прашања во преговорите.
Русија и САД се согласија за конкретни насоки во работата со Дамаск и сириската опозиција, посочи Лавров.
– Се согласивме за конкретни насоки на кои ќе работиме со двете страни. Русија со владата на Сириската Арапска Република, а САД со опозицијата, рече министер за надворешни работи на Русија. – И ние и нашите американски колеги, ќе работиме со регионалните партнери, прецизира тој.
Лавров исто така изјави дека каналите за интеракција меѓу Русија и САД можат реално да помогнат во напорите за постигнување на решение за Украина „во нормандски формат”.
– Ја цениме заинтересираноста на САД, на сегашната американска администрација, да помогнат во процесот на имплементација на Договорот од Минск, рече тој.
– Имаме два канали, кои редовно ги користиме. Сметаме дека овие канали можат реално да помогнат во напорите кои се преземаат во нормандскиот формат.После маратонските разговори, Кери истакна дека Вашингтон и Москва „постигнале јасност“ во врска со начинот на постигнување примирје во

Пронајдете не на следниве мрежи: