Кери не успева по телефон да го добие Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери не успева да го добие својот колега шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и покрај повеќекратните повици, откако Северна Кореја во вторникот изведе нуклеарна проба, објави Стејт департментот.Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Викторија, Нуланд, од 1-ви февруари кога Џон Кери ја презема должноста државен секретар, води сметка за неговите телефонски контакти и разговори со политичките колеги во светотНеколку часа по нуклеарното тестирање на Северна Кореја, Кери по телефон ги повикал јужнокорејскиот, јапонскиот и кинескиот министер за надворешни работи, со кои разговарал, меѓутоа министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, не одговорил на неговиот повик.Кери сакал со Лавров да разговара и за Сирија, по повод длабокото несогласување меѓу Вашингтон и Москва околу тамошниот граѓански конфликт.„Рускиот министер за надворешни работи во овој момент одлучи да не одговори на повикот. Министерот Кери сакаше со него да разговара за споменатите проблеми“, изјави портпаролката Нуланд, додавајќи дека соработниците на американскиот државен секретар не се загрижени поради овој „мини дипломатско недоразбирање“.Нуланд појасни дека рускиот министер Лавров во моментов се наоѓа на турнеја по Африка, како и дека во вторникот од јужноафриканската престолнина Преторија го осудил нуклеарното тестирање на Северна Кореја, повикувајќи го Советот за безбедност при Обединетите нации на реакција. Нуланд, исто така, рекла дека не е невообичаено Лавров да не презема меѓународни повици додека е на патување, потсетувајќи на ланското слично искуство што го имаше поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
МакфаксАмериканскиот државен секретар Џон Кери не успева да го добие својот колега шефот на руската дипломатија Сергеј

Пронајдете не на следниве мрежи: