Ќесичките за чај се корисни

Користењето на веќе употребени ќесички за чај не е некаква новост. Во древна Кина, чајот се палел во летните приквечери, за да заштитува од несакани инсекти. Не ги фрлајте ќесичките од чај после првата употреба. Погледнете за што може да ви послужат.
Маринирајте го месото
Месото кое имате намера да го подготвите за ручек, маринирајте го во остатоците од чајот или со помош на искористените ќесички за чај, спречете го месото да стане тврдо и жилаво. Слаткоста на чајот го збогатува вкусот на местото и го одржува во влажна состојба.
Исчистете ги прозорите
Чајот може да ја отстрани маснотијата и дамките на огледалата, само пригответе втора рунда чај со една или две стари ќесички и искористете го тоа како средство за чистење. За ова, верувале или не, можат да ви помогнат и филтрите за кафе.
Освежете го ормарот
За да ги отстраните застарените мириси од плакарот, во него ставете тањир со неколку исушени ќесички чај, кои ќе ја упијат непријатната миризба во и ќе дадат свежина во вашиот плакар. Истата работа може да ја направите и со чевлите: ако имаат непријатен мирис, во нив ставете ќесичка чај.
Решение за тепихот
За да го освежите стариот тепих, едноставно на него ставите исушени листови од чај. Нека одстојат на тепихот десет минути и подоцна може само да ги усисате.Користењето на веќе употребени ќесички за чај не е некаква новост. Во древна Кина, чајот се палел во летните приквечери, за да заштитува од несакан

Пронајдете не на следниве мрежи: