Кина и Тајван: Нема до поверувате, но овие земји полагаат правo една на друга!

Провинцијата Тајван е само еден од бројните региони на Република Кина, но е единствен која ја контролира Кина. Народна Република Кина во својот состав ја има провинцијата Тајван, но нема апсолутно никаква власт над неа. Вистински хаос!Ниедна од земјите не сака да се отстапи ни центиметар од својата (или туѓата) територија.
Кина е голема, Тајван е мал. Меѓутоа и едната и другата држава се „Кина“, едната и другата полагаат право не само на името на државата, туку и на целокупната територија на обете држави. Сепак, само една „Кина“ го контролира Тајван и тоа меѓународно непризнаената Република Кина; едната од нејзините административни единици се вика Провинција Тајван и тоа е едиснтвениот регион кој што се наоѓа под нејзина контрола. Народна Република Кина го контролира остатокот од Кина, но исто така тврди дека Тајван е нејзина провинција која треба да се врати во нејзините граници.
Како е тоа можно?
Од 1911 година, па се` до 1949 година, постоела Република Кина која што била меѓународно признаена држава и имала номинална власт над целата кинеска територија; велиме номинално, бидејќи истовремено била во војна со Јапонија која голем дел од територијата ја држела под окупација, помеѓу останатото и островот Формоза – односно, Тајван.

Паралелно со војната против Јапонија, Република Кина водеше и граѓанска војна против Комунистичката партија на Кина која се стремела кон освојувањето на власта во целата земја и социјалистичката револуција. Во 1949 година, во континенталниот дел на Кина доаѓа до конечна победа на комунистите под водство на Мао Цедунг, а владата на Република Кина се префрлува во Тајван, кој во меѓувреме е ослободен од страна на Американците. Во тој момент, Кина е народно признаета, додека комунистичката Народна Република Кина не е.
Владата на Република Кина остана на Тајван и легално продолжува со својата работа, се` до 1971 година кога Обединетите нации признаваат дека Народна Република Кина е единствена која смее во меѓународни рамки да го употребува името „Кина“. Поради тоа постои правен вакуум и нејаснотии околу тоа како треба да се нарекува Тајван. Самите Тајванци немаат дилеми; нивната земја и понатаму уставно се нарекува Република Кина и претставува единствен легитимен наследник на државата која е основана 1911 година, кога од власта беше тргнат манџурскиот цар во Пекинг.Народна Република Кина има поинакво мислење.
Се употребува терминот „Тајван, Кина“, но тој е двосмислен затоа што сугерира дека Тајван е дел од НРК кој смее да го користи името „Кина“, што овој остров сигурно не е.Поради тоа, Тајпеј го употребува поимот „Провинција Тајван, Република Кина“. Во меѓународните институции се употребува и терминот „Кинески Тајпеј“.

Во реалноста, провинцијата Тајван е единствената кинеска провинција која е контролирана од страна на Кина – сите останати провинции постојат само на хартија. Од друга страна, провинцијата Тајван Народна Република Кина постои само на хартија, бидејќи Пекинг нема никаква контрола над неа.
Оваа конфузија доведе до тоа денес многу Тајванци да се залагаат за целосна независност на својот остров во правна смисла, бидејќи де факто, е независно. Имено, некои од нив бараат државата да се преименува во Република Тајван и дека имаат потполно право на своја сувереност, бидејќи преносот на надлежноста над островот на РК по ослободувањето во 1945 година, било противправно.
Очигледно е дека Кина никогаш нема да се одрекне од Тајван, кој планира да ја инкорпорира во својот политички систем на ист начин на кој што тоа го има направено со Хонг Конг и Мако во деведесеттите години, под називот „една земја – два система“. Останува да видиме дали Тајпеј ќе се согласи со ова. Видливо е затоплување на односите: партијата Куомитанг смета дека комунистите всушност направиле добра работа и дека немаат ништо против обединувањето.
Народна Република Кина е сила, а Тајван е заштитен од Америка. Ако Америка одлучи да ги повлече со себе, а Тајпеј не се сложи на мирна интеграција, можеме да се најдеме во позиција да ја видиме првата кинеска инвазија по онаа која што беше извршена на Тибет пред 64 години.
Ниедна од земјите не сака да се отстапи ни центиметар од својата (или туѓата) територија.
Кина е голема, Тајван е мал. Меѓутоа и едната и д

Пронајдете не на следниве мрежи: