Кина му се закани на Сорос: „Не влегувај во војна со нашата валута“

Кинеските државни медиуми го предупредија милијардерот Џорџ Сорос и останатите трговци со валути да не го напаѓаат јуанот, во авторскиот текст на насловната страница, во момент кога најмногубројната земја на светот се соочува со криза на својата валута, која од август минатата година ослабе пет насто.„Војната на Сорос против јуанот и хонконшкиот долар не може да успее и околу тоа нема никакви сомнежи“, стои во текстот под наслов „Објавена војна против кинеската валута“, којшто е објавен во магазинот „Пипл дејс“, официјалното гласило на комунистичката партија на Кина.
Овој богат инвеститор на годишниот Светски економски форум во Давос минатата недела рече дека кинеската економија, која бележи најслаб раст во последните 25 години, уште ќе паѓа. Тој рекол дека дефлацијата и преголемиот долг се причинители за паѓањето на кинеската економија, пренесе АФП.
Кинескиот јуан воглавно е стабилен и строго под контрола на државата, а во последните неколку месеци е изложен на притисок на меѓународните пазари и последица на одливот на капитал. Властите потрошиле стотина милијарди долари за да ја одбранат неговата вредност.
Државната агенција Синхуа пренесе дека Сорос во минатото неколкупати предвидувал економски проблеми во Кина.
„Или трговците не ја направиле домашната задача или намерно се обидуваат да создадат паника и да извлечат профит“, се наведува во текстот.
Кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“ пишува дека западните земји не прифаќаат одговорност за проблемите во светската економија. Сорос го сметаат за одговорен дека со своите трговски акции придонел за финансиската криза во Азија во 1997 година.„Војната на Сорос против јуанот и хонконшкиот долар не може да успее и околу тоа нема никакви сомнежи“, стои во текстот под наслов &bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: