Според информациите на еден алтернативен американски сајт, Министерството за одбрана на Кина добило дозвола да испрати во Сирија елитни кинески единици, а тие би броеле над 5.000 војници. Во овие единици ќе бидат вклучени борците од познатите „Сибирски тигри“ и „Вечерни тигри“.Инаку, весникот „Женмин жибао“ вчера пренесе дека кинескиот парламент го прифати антитерористичкиот закон со кој се легитимира учеството на кинеската армија во антитерористички операции надвор од нејзините граници.
Законот стапува на сила од 1 јануари 2016 година.
Со ова се исполнува ветувањето на претседателот Кси Џинпин дадено на 30 ноември на претседателот Владимир Путин дека Кина ќе земе активно учество во војната против тероризмот и ќе биде достоен партнер на Русија при глобалните антитерористички активности.
Кина ги прави овие чекори поради настанатата сериозна опасност за кинеската национална безбедност од страна на ДАЕШ и турското разузнавање – МИТ.
Американскиот истражен новинар Сејмур М. Херш, којшто е познат коментатор на разузнавачки и воени информации, смета дека прашањето со кинеските Ујгури (муслимани) му претставува проблем на официјален Пекинг.
Според него, „Ујгурите се потпомогнати од турското разузнавање и се префрлени во Сирија и во Турција, а тоа предизвикува огромни тензии помеѓу Кина и МИТ“.
Кина е директно засегната од улогата на Турција која ги поддржува ујгурските џихадисти во Сирија и стравува дека во иднина турската поддршка ќе се прошири и за ујгурските сепаратисти во Ксинџијанг – ујгурски автономен регион во Кина.Инаку, весникот „Женмин жибао“ вчера пренесе дека кинескиот парламент го прифати антитерористичкиот закон со кој се легитимира учествот



