Кина загрижена поради острата реторика на Северна Кореја

Loading...

Кина во средата изрази сериозна загриженост откако Северна Кореја ја заостри својата реторика и се закани со посилни мерки отколку што е нуклеарниот обид во својот одговор на „непријателските” санкции кои и' се наметнати поради лансирањето на ракетата во декември.

„Кина е крајно загрижена поради начинот на кој се одвиваат работите. Се спротиставуваме на какво и да е однесување кое може да ја влоши ситуацијата и на какви и да се акции кои не одат во насока на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров”, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Ху Чунјинг, пренесува Reuters.
 
„Ги повикуваме сите релевантни страни да останат смирени и да се воздржат, како и да преземат напори за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров”, изјавила портпаролката на брифингот со новинарите во Пекинг во средата.
Кина е единствениот дипломатски и економски поддржувач на комунистичкиот режим во Северна Кореја, меѓутоа во последно време покажува знаци на огорчување од чекорите што ги презема новото раководство во Пјонгјјанг, забележува Reuters.
„Доколку Северна Кореја инсистира на третиот нуклеарен тест (претходните два беа изведени во 2006 и 2009 година -з.р) и покрај обидите да се одврати од тоа, тогаш мора да плати голема цена. Треба да се намали помошта којашто ја прима од Кина. Кинеската влада би требало јасно да каже за да ги разбие илузиите кои можеби Пјонгјаг ги има”, се наведува во воведникот на влијателниот провладин таблоид Global Times, кој излегува на кинески и на англиски јазик.
 
Макфакс
Кина во средата изрази сериозна загриженост откако Северна К

loading...
Loading...