КИНДЕР ТОРТА: Рецепт кој го надмина и купечкиот десерт!

И кој вие мора да им го направите на вашите најблиски…Подготовка:
6 белки се матат со 6 лажици шеќер, во нив се додава 1 лажица презла, 2 лажици брашно и 100 гр сецкани ореви. Убаво се меша и се става во четвртаст плех обложен со хартија и се пече на 200 степени 15-25 мин. Откако ќе се излади се сече на 3 дела. 
Крем: 400 мл млеко се става да зоврие 200 гр шеќер и се додаваат 6 жолчки изматени со 100 мл млеко и 3 лажици густин. Откако ќе згусне се трга настрана да олади и потоа се соединува со 1 маргарин. Филот се дели по половина и во едниот дел се додава 1 растопено чоколадо. 
Тортата се филува по следниов редослед: тестото се премачкува со еурокрем, па со бел фил, се реди ред бисквити, се премачкува со црн фил. Оваа постапка се повторува уште 2 пати и со останатиот фил се премачкува целата торта. Се остава во фрижидер да олади и потоа се декорира со фил, чоколаден прелив, мелени ореви. Подготовка:
6 белки се матат со 6 лажици шеќер, во нив се додава 1 лажица презла, 2 лажици брашно и 100 гр сецкани ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи: