КИНЕСКА МЕТОДА ОТКРИВА ШТО ВЕ БОЛИ: Еве како ќе дознаете кој орган не функционира!

Доктор во кинеската медицина најпрво ќе ве праша во кој дел од денот се појавуваат одредени нарушувања во организмот. Според тоа ќе знае во кој дел од телото лежи здравствениот проблем.Кинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите според кои енергијата циркулира низ деловите на нашето тело, а на секои два часа, енергијата е најсилна во одреден дел од телото.
Тогаш функциите на тој дел од телото се најдобри и ако постои некаков проблем, симптомите во тој период ќе бидат најизразени. Односно, дали енергијата отежнато циркулира или е застапена во преголемо количество на едно место – што исто така не е добро.
Токму затоа, не е лоша идејата да се следи биолошкиот часовник и да се запишува во кој дел од денот се појавуваат симптоми, на пример умор, болки и останато. Исто така, добро е да се забележи и времето во кое се има најмногу енергија и будењето во текот на ноќта.

Во прилог ви го донесуваме времето на максималната функција на организмот (12 часа подоцна, функцијата во одреден дел од телото се намалува):
5 до 7 часот – дебело црево
7 до 9 часот – желудник
11 до 13 часот – срце
13 до 15 часот – тенко црево
15 до 17 часот – бешика
17 до 19 часот – бубрези
19 до 21 часот – срцева обвивка
21 до 23 часот – терморегулација
23 до 1 часот – жолчка
1 до 3 часот – црн дроб
3 до 5 часот – бели дробови
Кога еден орган го достигнува енергетскиот максимум, оној на спротивната страна од биолошкиот часовник (12 часа разлика) се наоѓа на најниско енергетско ниво.
На пример, помеѓу еден и три часот црниот дроб го достигнува својот максимум, а тенкото црево е на најниско енергетско ниво. Затоа, ако јадеме доцна навечер, храната не се апсорбира добро во тенкото црево. Тоа значи дека треба да се избегнуваат активности во времето кога енергијата на органот којшто е вклучен во таа активност е најниска.
pathways4health.orgКинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите според кои енергијата циркулира низ деловите на нашето тело, а на секои два часа, енергијата е

Пронајдете не на следниве мрежи: