Кинескиот ровер што ќе слета на Марс изгледа како футуристичка пеперутка

Кина планира наскоро да слета на Марс, а леталото што ќе слета на површината изгледа навистина прекрасно.Кјуриозити и Опортунити, двата ровери што во моментов го истражуваат Марс, наскоро ќе добијат друштво од Кина. Државната служба за наука, технологија и индустрија за национална одбрана, во вторникот ги откри концептите за сондата, роверот и лендерот наменети за мисијата на Марс.
Со својот деликатен и естетски дизајн што наликува на пеперутка, роверот е најинтересниот од овие три. Според тамошните медиуми, Кина планира да го испрати на црвената планета во наредните 5 години.
Роверот изгледа како инсект, со четири соларни „крилја“ што се протегаат околу телото. Ќе тежи околу 200 килограми, за разлика од Кјуриозити на НАСА, што тежи 900 килограми. Кинескиот ровер ќе биде посличен на претходните модели на ровери на НАСА, Спирит и Опортунити.
Нема многу детали за мисијата, но знаеме дека роверот на Кина ќе помине три Марсовски месеци истражувајќи област во северната хемисфера на Марс. Кјуриозити, пак, се наоѓа близу екваторот на Марс, а дом на роверот Опортунити е јужната хемисфера.
Постои јавен натпревар за името. Навиваме за „Пеперутка“. Кинескиот месечев ровер што слета на месечината во 2013 година се вика „Зајак од жад“, што укажува на тоа дека е можно и да му смислат животинско име.Кјуриозити и Опортунити, двата ровери што во моментов го истражуваат Марс, наскоро ќе добијат друштво од Кина. Државната служба за наука, технологи

Пронајдете не на следниве мрежи: