Кире Наумов повторно измислува црни сценарија и се обидува да ја манипулира јавностаСветска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот раст, странските инвестиции, а со тоа и зголемување на буџетскиот дефицит со цел да се задржи растот, се директна последица на политичката криза која во Македонија ја создадоа аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ.
Иако очекувано, срамно и лицемерно е пулените на Заев да ги користат за дневно-политичка пропаганда последиците од политичкото заложништво во кое СДСМ ја држи Македонија долго време.
Наумов и СДСМ добро знаат дека половина од државниот долг е направен во време на СДСМ, со таа разлика што тие немаат ниту еден единствен проект со кој може да го оправдаат овој долг. Дополнително, ден денес има околу 40 активни кредити од времето на СДСМ кои земјава се' уште ги отплаќа, пари кои испарија во воздух, односно во џебовите на функционерите на СДСМ.
СДСМ е одамна познат по попустите обиди за измислување катаклизмични сценарија за пропаста на македонската економија и презадолженоста. Ова СДСМ жолчно се труди да го фабрикува уште од 2007 година. Ако досега се реализираа само 1% од ваквите лаги на СДСМ, Македонија уште одамна требаше да банкротира.
Наспроти тоа, Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа и нејзинот долг е скоро двојно помал од европскиот просек. И овие факти СДСМ ги смета за поразителни, бидејќи се води по мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
И покрај политичката криза Светска банка оцени дека нивото на раст на Македонија е за респект во Европа, како и дека нејзиниот потенцијал е многу поголем и ќе се реализира по завршување на политичката криза која СДСМ ја креираше.
Овој дел од оценката на Светска Банка не му оди во прилог на технички назначениот дополнителен министер Наумов, па го изостави во своето соопштение до јавноста. Но, одговорот од граѓаните на ваквите манипулации и обиди за креирање црни сценарија нема да изостане. СДСМ ќе го добие на 11-ти декември, 10-ти пат по ред.Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот