Киш пита со сино сирење

Состојки:
За ЛИСНАТОТО ТЕСТО ќе ви бидат потребни:
–          250 грама брашно
–          1 лажичка сол
–          110 грама путер
–          4-5 супени лажици ладна вода
За фил ќе ви бидат потребни:
–          5 големи јајца
–          200 милилитри млеко
–          100 грама сино сирење
Уште ќе ви треба и:
–          Сол и бибер

Подготовка:

Чекор 1: Разликата помеѓу добар и лош Киш најчесто e во тестото. Почнуваме со брашното, па го додаваме ладниот путер во мали коцки и убаво ги мешаме со раце за да добиеме хомогена смеса. Попрскајте со малку сол и ставете го на работната маса.
Додадете 4 – 5 супени лажици ладна вода во средина и убаво размесете го тестото. Потоа завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се излади 20 минути.

Чекор 2: Извадете го тестото од фрижидер и оставете го да добие собна температура, па потоа ставете го на набрашнета работна површина и направете од него кружна форма доволно голема да ја ставите во тава. Ставете го тестото во тавата, претходно премачкана со масло и притиснете го на страните пред да го исечете вишокот.
Покријте го тестото со фолија и врз него ставете ориз. Печете 20 минути на 160 степени.

Чекор 3: Додека тестото се пече, ќе ја направиме смесата со која ќе го полниме Кишот. Тоа е едноставен рецепт од 5 големи јајца, 200 милилитри млеко и 100 грама дробено сино сирење. Убаво зачинете.
 
Чекор 4: Тргнете ја прекривката од тестото и наполнете ја питата со смесата од јајца и млеко.
Вратете го во рерна уште 30 минути на 160 степени.
Послужете ја, по можност топла, само што ќе ја извадите од рерна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.