Кивањето е оргазам?!

Популарно е сфаќањето дека одреден број последователни кивања може да доведе до оргазам – или барем да го предизвика истото чувство на возбуда и ослободување.И оргазмите и кивањето се рефлекс проследен со тензија и ослободување. Некои истражувања покажале дека исто како и при оргазмот, и со кивањето се ослободува ендорфин во мозокот. И покрај тоа што на многу начини наликуваат, сепак не постои научна основа која би можела да ги изедначи недоброволните носни испуштања со слатките треперења на сексуалниот климакс. Но, не значи дека не постои никаква поврзаност.
Иако не постои доволно литература на оваа тема, сепак биле забележани случаи кога мажи и жени кивале во моментите кога биле сексуално возбудени. Докторите се сомневаат дека овој феномен можеби настанува под влијание на вкрстени жички во автономниот нервен систем, кој го регулира бројот на автоматските функции на телото во кои е вклучено и „будењето“ на гениталиите за време на возбудување. Носот, исто како и гениталиите содржи еректилни ткива.
Некои луѓе велат дека за време на секс ги чувствуваат своите носеви како запушени – состојба која е позната како ринитис на меден месец. Ринитисот е воспаление на слузницата честопати поврзано со алергии, но може да биде предизвикано и од промени на времето, конзумација на алокохол или пак, од вдишување парфем.
Ако  ви звучи чудно, сетете се и на фактот дека секоја 4-та личност кива како одговор на силна сончева светлина…И оргазмите и кивањето се рефлекс проследен со тензија и ослободување. Некои истражувања покажале дека исто како и при оргазмот, и со кивањето се о

Пронајдете не на следниве мрежи: