„Кивнав толку силно, што си направив дупка во белите дробови!“

Дваесет и шест годишно момче си „заработил“ дупка во белите дробови… 
Г-дин Оу (26) од Кина едно утро толку интензивно се истегнал и се проѕевнал, што успеал да го продупчи белодробното крило. Господинот Оу од Вихана, кинеската провинцијата Хубеи, „заработил“ дупка во белите дробови, а докторите веруваат дека пресудна била неговата телесна градба. Се работи за висок и исклучително слаб маж, пишува „Дејли мејл“.
Оу едно утро почувствувал длабока болка во градите, која најпрво ја игнорирал. Подоцна кога таа станала многу силна, заминал во блиската болница за помош. Таму веднаш утврдиле за што станува збор.
Обично ваквите случаи се ретки, а ги погодуваат помладите мажи. Некогаш до ова доаѓа поради повреди или белодробни заболувања. Највообичаен симптом е силна болка во градите. Најзагрозени се високите, слаби мажи.

Ваква состојба кај луѓето настанува кај еден од 10000 млади луѓе, а кај мажите ваквиот ризик е поголем за 4 пати отколку кај жените.
Господин Оу е висок 175 сантиметри, што во Кина е натпросечна висина. Тежок е  помалку од 58 килограми. Лекарите велат дека по операцијата Оу не би требало да има поголеми проблеми.
Copyright 2014 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. 
Г-дин Оу (26) од Кина едно утро толку интензивно се истегнал и се проѕевнал, што успеал да го продупчи белодробното крило. Господино

Пронајдете не на следниве мрежи: