Кличко: „Путин е болен. Тој сака да изгради нов Советски Сојуз“

Градоначалникот на Киев и повеќекратен првак на светот во бокс Виталиј Кличко, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да изгради нов Советски Сојуз.- Путин е болен. Тој со својата тактика го направи она што мислев дека никогаш не е можно, а тоа е дека ги скара двата братски народа. Знам за што зборувам, бидејќи мајка ми е Русинка. Путин сака да изгради нов Советски сојуз и за таа голема империја му е потребна Украина, истакна тој во интервјуто за виенски „Пресе“.
Тој истакна дека има иста цел како и претседателот на Украина Петро Порошенко, а тоа е земјата да биде европска држава со европски стандард на живот и вредности.
Што се однесува на неговата функција, Кличко нагласи дека сака од Киев да направи град кој се развива, дополнувајќи дека градот има потенцијал.
– Работата како градоначалник е многу потешка од работата како светски првак во бокс. Борбата против корупцијата, против стариот систем и за реформите се води многу повеќе од 12 рунди. Мојот ринг сега е поинаков, а противниците многу посилни. Меѓутоа, останав ист и моето мото и натаму е „без борба нема победа“, истакна Кличко.- Путин е болен. Тој со својата тактика го направи она што мислев дека никогаш не е можно, а тоа е дека ги скара двата братски народа. Знам за што

Пронајдете не на следниве мрежи: