Климатски предизвик за граѓаните:Твојот град. Од тебе зависиКлиматски предизвик со наслов ‘Твојот град. Од тебе зависи’ од денес e отворен за сите граѓани на Македонија. Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Генералниот секратар на Обединетите нации Бан Ки-мун вели дека климатските промени се едно од најгорливите прашања на нашето време. Со овој предизвик, се покануваат граѓаните да помогнат во решавањето на ова прашање со доставување на иновативни проекти на тема:
1) Што можеме да направиме за да го намалиме нивото на емисии на стакленички гасови во градовите?
2) Како може подобро да се прилагодиме на климатските промени со кои што се соочуваме?
3) Како можеме подобро да ги искористиме паметните технологии за справување со климатските промени?
Двајца победници ќе бидат избрани од страна на експертска комисија. Секој од победниците ќе биде награден со 10,000 УСД. Од оваа сума, 1,000 УСД ќе бидат доделени во кеш (парична награда) а 9,000 УСД ќе бидат вложени за да се развие идејата во прототип. Поддршката ќе вклучувa техничка поддршка, менторство и помош во идентификување на потенцијални партнери кои би можеле да бидат заинтересирани да го спроведат предложеното решение.
“Македонија е земја која се соочува со висок ризик од климатски промени,” вели Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. “Според Светската Банка, Македонија е една од 5-те најранливи земји во Европа кога станува збор за климатските промени. Со порастот на температурите во градовите, се појавуваат нови закани за човековото здравје, а екстремните временски прмени создаваат поголем ризик од поплави и други природни катастрофи. Во руралните области, земјоделските култури по кои земјата е најпозната – грозје, пиперки, домати и јаболка – се ранливи на променливите временски услови. Надминувањето на вакви предизвици бара иновативни идеји и промени во нашето секојдневно живеење.”
“Денес во светот, најголемиот дел од населението живее во градовите. Овој тренд носи нови предизвици од аспект на домување, транспорт и достапност на храна но, човештвото е повеќе од способно во споредба со минатото да развива паметни решенија. Мојата земја, Шведска, покажа дека е возможно во исто време да се има и економски растеж и значително намалување на емисии на стакленички гасови. Се надеваме дека овој предизвик ќе послужи како инспирација за многу граѓани да предложат решенија во кои дизајнот, технологихата, природата и одржливоста одат рака под рака,” вели Александер Мојсиејук, вд Амбасадор на Шведска.
Во моментот, повеќе од 60% од населението во Македонија живее во урбаните центри, од кои 30% се во Скопје. Главниот град е исто така центар на најголемиот дел на економската активност во земјата но тука се генерира и најголемиот број на емисии на стакленички гасови.
“Клучен елемент на eдна силна демократија е активно, ангажирано граѓанското општество, кое помага да се обезбеди една одговорна, партиципативна власт. И додека националната политика јасно игра клучна улога во справувањето со климатските промени во Македонија, претставници на локалната власт, како и во приватниот сектор и граѓанското општество сеуште не се доволно свесни за ранливоста предизвикана од климатските промени, но и за можностите за инвестирање во обновливите извори на енергија и енергетски ефикасни технологии. Ние, во Милиеуконтакт Македонија, сме сигурни дека не институциите, туку граѓаните имаат клучна улога во справувањето со предизвикот на климатските промени. Ние сме среќни гледајќи дека прашањата за животната средина стануваат се поважни во нашата земја и ние силно веруваме во оваа иницијатива. Ние треба да им помогнеме на нашите градови да станат поодржливи. Сега! ” – вели Игор Славкоски, извршен директор на Милиеуконтакт Македонија.
Сите граѓани можат да учествуваат на предизвикот со пополнување на електронската апликација, која е достапна на веб страната: https://odtebezavisi.mk.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 28 фебруари 2015 година. Климатски предизвик со наслов ‘Твојот град. Од тебе зависи’ од денес e отворен за сите граѓани на Македонија. Предизвикот е организиран