Климовски: Уверението на Катица Јанева е одраз на капацитетите кои што ги поседува

Уверението на Катица Јанева е одраз на капацитетите кои што ги поседува, смета професорот Александар Климовски.Голем е револтот кај постојните обвинители од Јавното обвинителство бидејќи тие ги поминале студиите со висок просек, па потоа запишале правосуден испит и потоа Академија за судии и јавни обвинители, па дури потоа биле избрани за јавни обвинители, дообјаснува Климовски.
-Ваков профил на личност, не е случаен. На свената на тие фактори кои што ги држат конците од озгора им треба таков лик, таква кукла која што многу лесно ќе може да ја одигра претставата. Но проблемот е следен, слаби се актери. На сцената излегоа слаби актери со несмасно однесување и веќе им прават проблем, вели Климовски.
Во таа насока, новинарот Љупчо Златев јавно му се извини на професорот Гордан Калајџиев, бидејќи уште кога ја ставија Катица Јанева на позицијата Калајџиев жестоко ја критикуваше.
-Ние потоа преку Сител, конкретно јас го критикував него затоа што ете не и дал шанса на жената и одма на прва ја нападнал. Јас мислев дека кај него се родила некоја суета за тоа што тој не беше избран. Господнине Калајџиев јас целосно ви се извинувам, сосема бевте во право и пред сите ги увидевте капацитетите на оваа жена, рече Златев.
За да се стане доктор на науки, вели Васко Стамески, најмалку треба просек 8 ипол, во спротивно немаш услови за запишување.
 Голем е револтот кај постојните обвинители од Јавното обвинителство бидејќи тие ги поминале студиите со висок просек, па потоа запишале правосуден

Пронајдете не на следниве мрежи: