Испробајте го овој рецепт и подгответе се за крунисување, вашите малечки сигурно ќе ве прогласат за СУПЕР МАМА после оваа торта!Потребни состојки
Состојки:
Тесто:
6 Јајца8 лажици шеќер10 лажици зејтин10 лажици млеко3 лажици какао10 лажици брашно1 кесичка прашок за пециво
Фил:
1 л. млеко9 лажички густин10 лажици шеќер80 г. маргарин125 мл. хопла
Чоколаден прелив:
500 мл. хопла250 г. чоколадо за готвење
Подготовка:
1. Тесто:
Добро изматете ги белките, додадете шеќер, жолчка од јајце, зејтин, какао, брашно и помешајте ги со прашокот за пециво. Печете околу 30 минути на 150°.Кога ќе се олади, исечете го тестото хоризонтално за да се добијат две кори.
2. Фил:
Со малку млеко измешајте ги густинот и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го да зоврие и сварете го кремот. Почекајте малку да се олади и додека е сеуште млак, додадете маргарин, промешајте и кремот е готов.
3. Чоколаден прелив:
Смесата за шлаг ставете ја на оган да зоврие, потоа изгасете ја плочата, додадете чоколадо и мешајте додека целосно не се растопи.
На првата кора ставете половина од филот, па половина од чоколадниот прелив и ставете ја во змрзнувачот додека да се зацврсти. Потоа додадете ја другата половина на кремот и кората и прелиете ја со остатокот од чоколадниот прелив. Декорирајте со ореви, кокос, овошје или нешто по ваш избор.
Уживајте!Потребни состојки
Состојки:
Тесто:
6 Јајца8 лажици шеќер10 л