Книга од друг свет?

Мистерија пред која „Кодот на Да Винчи“ изгледа како играчка за мали деца. Оваа книга е се уште голема загатка за криптографите ширум светот.Станува збор за Војничевиот Ракопис, книга крстена по Вилфрид Војнич, кој ја нашол во 1912 година во Италија. Книгата моментално се наоѓа во Бајнекеовата библиотека на ретки книги и ракописи при универзитетот Јејл во САД. Напишана е на непознат јазик и полна со илустрации на расетнија и други суштества кои ги нема на нашава планета.
Научниците се уште не можат да ги дешифрираат текстовите во книгата како и да ги протолкуваат илустрациите. За оваа книга постојат многу теории, колку стручни, толку и „откачени“.

 
Голем број криптографи се обидувале да ја дешифрираат оваа книга. Дури и за најпознатиот криптограф на 20тиот век, Вилијам Фридмен, кој е пронаоѓач на Агеницјата за национална безбедност на Америка, скоро 30 години се мачел да открие какви тајни крие книгата, но безуспешно.

Еден пензиониран ботаничар излегол со тврдење дека повеќето билки илустрирани во книгата потекнуваат од Средна Америка, додека еден британски професионалец по применета лингвистика тврдел дека успеал да преведе 10тина реченици. Голем е и бројот на оние кои сметаат дека ова е само вешто, речиси совршено изработен фалсификат.Станува збор за Војничевиот Ракопис, книга крстена по Вилфрид Војнич, кој ја нашол во 1912 година во Италија. Книгата моментално се наоѓа во Бајнек

Пронајдете не на следниве мрежи: