Koи се најдобрите парфеми на сите времиња?

Сите си имаме омилен парфем. Но, кој е парфемот кој важи за најдобриот на сите времиња?
Страствените љубители на парфеми и познатата парфемска енциклопедија Fragrantica секоја година ги бираат најдобрите, а сега е познато кои парфеми ги однесоа заслугите.

За најдобар женски парфем на сите времиња е прогласен Coco Mademoiselle на Chanel кој е претставен уште во 2001 година.

Станува збор за цветен мирис. Горните ноти се портокал, бергамот, мандарина и цвет од портокал, средните се јасмин, мимоза и роза, а базните ванила, пачули, ветивер и бел мошус. Од неговото појавување на пазарот, неговата популарност не опаѓа.

За најдобар машки парфем на сите времиња е прогласен Dior Homme Intense, дрвенаст мирис со топли ноти на ирис и ванила. Парфемот е комбинација на мошусни акорди и ветивер, што го прави мажествен и елегантен. Посебно е соодветен за навечер.


За најдобар женски парфем во 2021 година е прогласен Yves Saint Laurent Libre Intense, кој е опишан како мирис на инстинктивни, диви и слободни жени, подготвени да го освојат светот. Претставува уникатен спој на француска лаванда и сензуални ноти на цвет од портокал од Мароко.


За најдобар машки парфем во 2021 година е прогласен Dior Sauvage Elixir, кој воедно е и мирис со најголема концентрација на чист парфем. Содржи зачински ноти, есенција од лаванда и дрвенаста мешавина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.