Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи сподели настан од неговата СДСМ по повод Осми март, Денот на жената. Костадинов истакна дека СДСМ го менува пристапот и се дистанцира од „родовите“ идеологии и таканаречената „woke“ култура.
Костадинов го прозва и ВМРО-ДПМНЕ кое неодамна донесе Закон за буџет во кое законско решение сеприсутна беше „родовата идеологија“ која е базирана на премисата дека разликите помеѓу мажот и жената се социјален конструкт, а тоа пак ја отвора вратата за трансексуалноста. Ваквата идеолија ја негира биолошката и научната вистина дека постојат само два пола, машки и женски и разликите помеѓу половите се базирани на билогија.
-СДСМ го менува пристапот!
СДСМ покажа слух за оправданиот револт на сите нас.
Жената мора да биде ставена на прво место, родот тргнат!
Останува сега на оние кои хараа и жигосуваа луѓе, држеа прес конференции за тоа колку биле против родови идеологии, а денес допрецизираат закони во кои брутално ја афирмираат родовата идеологија која цел свет ја оттргнува.
Срамота, за ВМРО-ДПМНЕ.
Фејсбук статус на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.



