Коце

По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје пред еден час, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, излезе на терен со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада кои ги санираат последиците од силниот дожд.Обилните врнежи го поплавија подвозникот на булеварот Киро Глигоров.
Иако пред само еден месец беше зголемен капацитетот на атмосферската канализација и беа поставени нови пумпи со капацитет од 72.000 литри вода во минута подвозникот се поплави, а сообраќајот беше оневозможен. Во моментов, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ја исцрпуваат насобраната вода и надвозникот ќе биде прооден за сообраќај.

Екипите на Градот Скопје интервенираа и на улицата Финска во општината Гази Баба, се исцрпуваше водата и се расчистуваа паднатите дрвја. Градот Скопје ја следи состојбата и на други локации во Скопје.

Loading...