Кое ќе биде името на новиот член на кралското семејство?

Често Британските кралски семејства одбираат традиционални имиња инспирирани од монархи од минатото.
Џорџ – моментално името кое најмногу добива на значење доколку бебето е машко. Претходно дури 6 крала се викале Џорџ.
Александра е името фаворит доколку бебето е женско, додека Шарлот или Викторија следат како втор, односно трет фаворит.
Се споменува и името Дајана како потенцијално средно име доколку Кејт на светот донесе женско, во чест на мајката на принцот Вилијам, односно бабата на бебето која загина во сообраќајна несреќа во Париз 1997.
Одредена опциja за коja се верува дека е надвор од игра е Едвард, бидејќи кралот Едвард VIII предизвика скандал во 1936 година, одрекувајќи се од престолот со цел да се омажи за разведената американка Валис Симпсон.
Погледнете како изгледа кралскиот живот на Кејт и Вилијам последниве 9 месеци во галеријата на следниот ЛИНКЧесто Британските кралски семејства одбираат традиционални имиња инспирирани од монархи од

Пронајдете не на следниве мрежи: