Кога Емира му ги поправаше оценките на „ТЕПАЧОТ“

Портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети не можела да сфати дека професорка од гимназијата “Зеф Љуш Марку” не му поправа оценка не на кој било повторувач, туку на брат на портпаролот на партијата на….„Знаете вие која сум јас. Како смеете на брат ми да му ставите единица. Мора да му дадете двојка”. Вака портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети своевремено  убедувала една професорка од гимназијата “Зеф Љуш Марку” да му даде преодна оценка за нејзиниот брат, дознава Вест од партиски извори.
Замир Мехмети, братот на Ермира, бил ученик во четврта година во гимназијата од паралелките што наставата ја следат во просториите на средното училиште “Цветан Димов”. Замир на матурскиот испит по албански јазик добил единица од професорката Сузана Чаволи.
Професорката Чаволи, како долгогодишен работник во образованието и принципиелен педагог, одбила да даде преодна оценка за ученици кои не го заслужуваат тоа. Таа ги одбила сите ургенции и притисоци од колегите да му ја поправи оценката на Замир.
Причина за тоа била што братот на Ермира не само што со своето знаење не заслужувал двојка на матурскиот испит туку и бил многу дрзок со професорката. На денот на полагањето, Замир, место да се потруди да одговори на поставената тема, чкртал на листот. Тој дури дрско и рекол на професорката дека иако ништо не напишал на испитот, таа ќе мора да му даде позитивна оценка, оти има силни врски. Професорката одбила да разговара на таков начин со Замир, укажувајќи му дека двојка ќе земе само тогаш кога ќе ја заслужи оценката.
Незадоволна од тврдиот принципиелен однос на професорката, Ермира решила да ги земе работите во свои раце и да ги скрати маките на брата си. Таа телефонски и се јавувала на професорката и со погрдни зборови ја навредувала. Ермира не можела да разбере каква проферска е Чаволи, што се дрзнала да повторува брат не на кој било, туку на портпарол на ДУИ, партија на власт. Вест дознава дека професорката Чаволи имала и други притисоци во обид да ја премислат да ја поправи оценката на братот на Ермира, но не попуштала.
Откако не успеала со уцени да ја поправи оценката на братот, Ермира ургирала кај министерот за образование Азиз Положани, кој требало да и го реши проблемот, но нејасно е дали успеал во тоа.
Потресена од ваквиот однос на Ермира, професорката се жалела кај партискиот врв на ДУИ. Таа во солзи им раскажувала за дрското однесување на Ермира. Им рекла дека такви притисоци немало ниту во времето на Мендух Тачи.
Ермира Мехмети потврди дека имало “инцидент” со професорка од “Зеф Љуш Марку”, но рече дека тоа немало никаква врска со партијата. “Тоа е моја лична работа, а госпоѓата професорка ако сака да отвори фронт, ќе го добие”, кусо одговорила таа.
Извор: Вест„Знаете вие која сум јас. Како смеете на брат ми да му ставите единица. Мора да му дадете двојка”. Вака портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети сво

Пронајдете не на следниве мрежи: