Koга ќе прочитате што можете со безбоен лак, сигурно ќе купите 10!

Безбојниот лак не треба да служи само за маникир и за давање на природен изглед на рака. Тој може да има повеќе намени кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот.1. Заштита на накит
Кога бижутеријата ќе дојде во контакт со пот и мастите, кои ги содржи кожата често се случува, да ја промени бојата. Премачкајте ги вашите омилени парчиња накит со тенок слој на безбоен лак, од сите страни каде накитот има контакт со кожата. На овој начин ќе се избегнат потенцијалните иритации и алергии кои можат да бидат предизвикани од бежутеријата.
2. Фиксирајте ја “жицата” чорапите
Мали дупки во најлон хулахопките или чорапите кои на почетокот биле невидливи, често до крајот се претвараат во жица, која започнала да се движи кон целата должина на чорапите. Кога ќе го видите дупка, во делот каде што чорапите ви се распарани ставете тенок слој на безбоен лак, и кога ќе се исуши, премачкајте повторно.
3. Вметнете го конецот побрзо во иглата
Колку пати сте се изнервирале, бидејќи 10 минути се обидувате да го протнете конецот низ дупката од игла? На врвот од конецот, капнетемалку лак и кога ќе се исуши конецот полесно ќе помине низ иглата.
4. Залепете коверт
Мразите да го лижете ковертот пред д го затворите, затоа што има вкус на лепак и смрди? На внатрешната страна на ковертот ставете неколку слоја на лак. Така ќе го залепите ковертот, и ќе биде дополнително запечатен, т.е лакот е поиздржлив. 
5. Затегнете ја завртката
Без разлика дали за големите завртки на парчињата мебел или оние мали завртки на очилата безбојниот лак може да го реши проблемот. Нанесетенеколку слоја пред да ја затегнете завртката. Тешко дека по оваа постапка ќе успеат да се одвртат.

 

6. Спречете го разресувањето на врвките
За да го спречите разресувањето на врвките за чевли, натопете го врвот на врвките, па потоа притиснете со прстите и чекајте додека не се исуши. Кога ќе бидат целосно суви, скратете ги деловите кои сеуште се разресени, и повторете го процесот. 
7. Смирете ги каснувања од инсекти
 Каснување од комарец не само што предизвикува чешање, исто така може и да се воспалат. Природен инстинкт на нашите тела кога ќе не касне инсект, е да ослободи хистамин, и поради тоа не чеша местото. Ако ставите малку безбоен лак на местото на убодот, со тоа ќе го блокирате кислородот во тој дел, а привремено ќе го намали чешањето и како желбата за чешање.
8. Намалете го внесувањето на сол
Сигурно ви се случило во животот да купите соларник на кој има преголеми дупчиња, и скоро секогаш ви паѓа многу повеќе сол, од очекуваното. Земете безбоен лак и и затворете ги вишокот дупчина на соларникот. Со тоа ќе го намиалите внесот на сол, како што препорачуваат нутриционистите.
9. Пополнете ги дупки на шофершајбната
Иако тоа не е трајно решение, безбојниот лак може привремено да го закрпи пукнатините на шофершајбната. Капнете капка во дупчето на шофершајбната и почекајте да се исуши. Повторете го процесот неколку пати.
10. Водоотпорни кибритчиња 
Искусните кампери знаат дека дождот може да ја уништи нивната атмосфера, особено ако се навлажнат кибритчињата, кои во природата често се една од најпотребните работи. Натопете ги со безбоен лак, и ставете ги во кутијата да се исушат, така што врвовите нема да им ја допираат кутијата .1. Заштита на накит
Кога бижутеријата ќе дојде во контакт со пот и мастите, кои ги содржи кожата често се случува, да ја п

Пронајдете не на следниве мрежи: