Кога легално може да патувате без пасош?

Бегалецот Едвард Сноуден се надева дека ќе стигне во Еквадори покрај фактот што нема валиден пасош. Неговиот случај го отвори прашањето: како може една личност може да патува легално без патна исправа?Стејт департментот го повлече пасошот на Сноуден и ги замоли другите земји да го спречат да отпатува. Со оглед на тоа дека пасошот е основен документ при меѓународни патувања, под кои услови би можело да се патува без него? Познато е дека милиони бегалци низ светот ги преминуваат границите без пасоши за да избегаат од разни непријатности или опасности што им се закануваат во нивната земја. Според податоците на ООН, повеќе од седум милиони луѓе станале бегалци во 2012 година.
Во случај кога бегалецот нема пасош, од него се очекува да прикаже друг вид на идентификација. Но понекогаш бегалците ја преминуваат границата без никакваидентификација. Според Лавинија Лимон, претседател на Американскиот комитет за бегалци и емигранти, државата што ги прима бегалците самата одлучува дали ќе пушти некого без патна исправа. Таа вели дека САД годишно примаат по 60.000 бегалци, а само мал дел од нив поседуваат пасоши.
Откако ќе бидат интервјуирани за нивната положба, и откако ќе исполнат одреденикритериуми, бегалците добиваат документ наречен I-94 како замена за пасош, со кој можат да допатуваат во САД. Други земји, како Велика Британија и Канада, како и меѓународниот Црвен крст, користат слични документи.
Ако одредена земја му дозволува на некој да патува преку државна авио-линија, може да го направи тоа без некои посебни документи, ако државата до која патува се согласува на тоа. Исто така, можете да патувате без пасош и доколку сте го загубиле или ви бил украден додека сте во странство. Сепак, најчесто за да се качите на авион ви е потребна и потврда од вашиот конзулат во таа земја.
Повеќе на think.mkСтејт департментот го повлече пасошот на Сноуден и ги замоли другите земји да го спречат да отпатува. Со оглед на

Пронајдете не на следниве мрежи: