Кога СДММ се залага за вистински, а не за виртуелни проекти за млади, тогаш СДММ го поддржува ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои се вистински, а не виртуелни како соопштенијата од земјата на чудата на СДСМ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДMM
Вистински е проектот „Купи куќа за млади“ за кој има огромен интерес и кој е ретка прилика под исклучително поволни услови младите лица кои не живеат во хациенди како Стефан Богоев да се здобијат со свој сопствен дом.
Вистински е и проектот „Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети“ – ако претседателот на СДММ Стефан Богоев кој дипломирал на приватен универзитет не гледа полза од оваа мерка, сите членови на СДММ кои се редовни студенти на државните универзитети истата ја користат и им го олеснува секојдневието.
Вистински проект е и железничкиот викенд за млади до 27 години и младите кои немале можност да се возат во скапи автомобили, вистински се возат бесплатно и вистински се задоволни од мерката. Новите читални во Велес, Струмица и Аеродром исто така се вистински проект, како што е вистински реновирано едно крило во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Вистински ќе се реновираат и сите останати крила во „Гоце“. Вистински ќе се градат и новите најавени студентски домови, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ вистински остварува се што ќе вети. Вистински ќе се изградат и 150 игралишта за баскет, како што вистински се изградија стотици тениски терени, сали и мултифункционални игралишта.
Стипендирањето на постдипломските и докторските студии вистински ќе се случи, како што вистински беа овозможени преводи на повеќе од илјада книги и учебници од најреномираните универзитети на македонски јазик и како што вистински беше намалена партиципацијата за студирање за повеќе од илјада евра. Вистински ќе бидат стипендирани пост-дипломци и докторанти од семејства со помали приходи во рамките на проектот „Инвестирај во својата иднина“.
Станува збор за мерка која ќе им помогне на родителите кои не располагаат со средства на своите деца да им ја обезбедуваат иднината во приватни колеџи, се разбира, доколку децата тоа би го сакале. Вистински ќе биде изградено ново матично во Скопје каде младите ќе може многу подостоинствено и посвечено да го започнуваат заедничкиот живот.
Вистински ќе се изгради и нова мултифункционална читална во Скопје, а и реновирањето на НУБ Св. Климент Охридски е вистинско и ќе се случи. ВМРО-ДПМНЕ докажа многукратно дека ветеното си го остварува. И народот тоа го гледа. Затоа му ја дава довербата на ВМРО-ДПМНЕ 9 изборни циклуси по ред.
Бидејќи за ВМРО-ДПМНЕ нема залудни идеи за млади, како што има за СДММ. За ВМРО-ДПМНЕ нема погрешно време од проекти со кои се подобрува животот на младите. Погрешно за СДСМ е секое време во кое Стефан Богоев и СДСМ се противници на подобрување на животот на младите, како што СДСМ впрочем секогаш и бил.
Вистински СДСМ не заковал ниту една шајка во студентските домови.
Вистински СДСМ тотално ги заборави младите во свое време.
Вистински СДСМ им наплаќаше за 1000 евра повисоки партиципации на студентите.
Вистински СДСМ ги тераше младите да учат од учебници на српско-хрватски јазик.
Вистински СДСМ секогаш бил циничен кога се во прашање студентите.
Затоа СДСМ вистински губи на избори и вистински има мизерен рејтинг. Затоа на 24 април доаѓа огромниот 10-ти вистински пораз по ред. Вистински е стравот кај СДСМ, меѓутоа од соочување со судот на народот бегање нема.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДMM
Вистински е проектот „Купи куќа за млади“