Кои активности го намалуваат стресот?

 
 
 
Погледнете што треба да направите за да го намалите стресот и да бидете здрави и релаксирани.
Јога
Јогата е веќе одамна испробан начин за намалување на стресот. Медитацијата и вежбањето на дишење, може да биде од голема корист за вашето ментално здравје.

Шетање
Шетањето е наједноставен, а во исто време и ефективен начин да се разбие стресот. Прошетките во парк или на плажа нема само да ве обедини со природата, туку и ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста. Препорачливо е редовно да се  прават прошетки за да го одржите здравјето на добро ниво.
Танц
Танцувањето е една од многубројните физички и умствени активности кое може да ви помогне да се ослободите од стресот, но и да уживате истовремено. Кога секој ден би учеле нешто ново, би било интересно да го споделите со пријателите или партнерот.
Спорт
Спортот од секогаш се препорачува како најефикасен начин да се ослободите од стресот. Било кој вид на спорт што ви се допаѓа е одлична вежба за вашето тело и дух. Не само што ќе си помогнете да го намалите стресот, туку и ќе бидете физички активни.

Тај- Чи
Тај- чи е боречка вештина која опфаќа комбинација од вежби за медитација кои можат да го поврзат вашето тело и ум. Практикување на овие вежби може да го намали стресот и да внесе мир.
Кик-бокс
Спортовите како кик-бокс стануваат се популарни и се почесто се практикуваат за намалување на стресот. Можете да се обидете со различни стилови на кик-бокс како што се Џиу- Џитцу, Маи- Таи и слични.
Стресот не само што е штетен за вашето здравје, туку влијае и на физичката состојба на вашето тело. Со вежбање го одржувате телото и духот под контрола, па затоа ви препорачуваме да пробате некои од овие вежби и техники за намалување на стресот.
 
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: