Кои мали работи може да ве направат среќни?

Луѓето сонуваат за луксуз, големи куќи, скапи автомобили, јахти, патувања на егзотични места, сметајќи дека сето тоа ќе ги направи среќни. 
Вистина е дека овие работи може да ја купат среќата и безгрижноста на еден човек, но бидејќи сме зашеметени од големите и луксузни нешта, забораваме дека постојат и мали нешта кои може да не направат дури и посреќни од големите. 
Едно истражување покажало дека луѓето со просечни примања, бидејќи не можат да си ги дозволат скапите и луксузни работи, тие се среќни со оние малите. 
Интересно, но според истражувањето, луѓето не се најсреќни кога даруваат. Тие се посреќни кога нешто ќе добијат или себе си ќе се наградат со некоја убава работа.
Во истражувањето на фирмата Милер де Лукс Корнер, учествуваа 2.000 испитаници. Сите тие одговорија кои се малите работи кои ги усреќуваат во животот, а кои би ги нарекле мал луксуз. Еве го резултатот од испитувањето:
1. Вкусен десерт
2. Чоколадo или бомбониера
3. Слободен ден за време на кој апсолутно ништо не се работи
4. Слободна вечер и шише вино
5. Букет цвеќе (кое сами ќе си го купат)
6. Читање книга
7. Купување на луксузен бренд храна (наместо евтин во супермаркет)
8. Масажа
9. Купување списание со пластифицирани корици
10. Опуштање во пенлива када
 Луѓето сонуваат за луксуз, големи куќи, скапи автомобили, јахти, патувања на егзотични места, сметајќи дека сето тоа ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: