Кои намирници го убиваат вашиот апетит?

Немате потреба за храна? Еве кои намирници ја убиваат желбата за вашиот апетит…1.Бадеми
Само еден грст бадеми е богат извор на антиоксиданси, витамин Е и магнезиум. Бадемите исто така, се покажаа како добар производ за зголемување на чувството на ситост и помага во одржување на телесната тежина.
2.Кафе
Доколку пиете една до две шолји кафе на ден може да си го забрзате метаболизмот и да го потиснете апетитот. Која е тајната на кафето? Кафеинот заедно со антиоксидансите од зрната кафе. Само не ги засладувајте овие добри состојки со премногу шеќер.
3.Ѓумбир
Со векови, во многу култури ѓумбирот се употребувал поради неговите неверојатни дигестивни дејства. Било во свежа состојба или како зачин, ѓумбирот работи како стимулант кој му дава енергија на организмот и ја подобрува дигестијата, со што ве прави посити.
4.Авокадо
Полно со растителни влакна и со здрави незаситени масти, авокадото е совршено за потиснување на апетитот кога се јаде во умерени количества. Всушност мастите во ова тропско овошје праќаат сигнали до вашиот мозок кои му кажуваат дела вашиот стомак е полн.
5.Јаболка
Јаболката од сите видови можат да го зголемат чувството на ситост поради многу причини. Прво, јаболките се полни со растителни влакна и пектин, кои помагаат во чувството на ситост. Јаболката исто така го регулираат нивото на глукоза и го зголемуваат нивото на енергија. И исто така, јаболките бараат многу време за џвакање со што телото добива чувство на ситост. Плус тие се многу вкусни!
6.Јајца
Многу истражувања покажаа дека дека доколку изедете едно до две јајца за доручек, ќе се чувствувате повеќе сити во текот на денот отколку ако изедете кроасан со истиот број на калории.
7.Вода
Не е случајно тоа што во секоја диета се напоменува да се пие многу вода. Водата е една од основните потиснувачи на глад. Докажано е дека доколку се напиете 2 чаши вода пред јадење ќе изедете 75 до 90 калории помалку во оброкот.
8.Зеленчукова супа
Топлата зеленчукова супа е многу лесна за правење и ќе ве засити со минимален број калории.
9.Црно чоколадо
Црното чоколадо ви помага да не јадете многу бидејќи неговиот помалку горчлив вкус му сигнализира на телото да го намали апетитот. Доколку темното чоколадо е премногу горко за вас јадете го со кафе, така ќе ви биде послатко.
10.Зелен чај
Доколку не сте љубител на кафе или лесно ви се здосадува од пиење вода, напијте се шолја зелен чај. Зелениот чај може да ви помогне да заборавите дека ви се грицка нешто.1.Бадеми
Само еден грст бадеми е богат извор на антиоксиданси, витамин Е и магнезиум. Бадемите исто така, се покажаа како

Пронајдете не на следниве мрежи: