Кои професии најмногу дебелеат?

Во најновото истражување на компанијата „CareerBuilder“ која се занимава со пронаоѓање на работна сила на пазарот на трудот, учествувале 3 700 испитаници, а резултатите откриваат дека 55% од нив сметаат дека се дебели. Околу 40% од испитаниците веруваат дека се здебелуваат поради работата со која се занимаваат, а 59% веруваат дека на работа се здобиле со плус 4 килограми. Истражувањето покажува дека околу 20% од испитаниците се здебелиле и многу повеќе. Сепак, постои и друга страна, односно од некои професии и се слабее. Околу 16% од испитаниците изјавиле дека поради работата со која се занимаваат ослабеле, а станува збор најчесто за професии кои подразбираат теренска работа, движење или некои други физички активности.
Учесниците во истражувањето кои поради работата додале уште некој килограм, најчесто го наведуваат стресот на работно место како главна причина за дебелеењето, понатаму прекумерното седење и лошата исхрана, бидејќи немаат време за консумирање на квалитетни оброци во текот на работното време. Многу сметаат дека поради работните активности развиле лоши навики во исхраната, кои се заслужни за нивното дебелеење.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека најмногу се дебелеат администратори, инженери, учители, ИТ експерти, правници и научници, а најмалку работниците во фабриките и медицинските сестри.
 Во најновото истражување на компанијата „CareerBuilder“ која се занимава со пронаоѓање на работна сила на

Пронајдете не на следниве мрежи: