Има многу места во светот каде што можете да патувате, без да ви требаат многу пари. Тоа е многу важно и од тоа зависи колку всушност ќе патувате.1. Тимфу, Бутан
Би можеле да пешачите на Хималаите, да се претопите во Будизмот и да го присвоите чистиот живот, бидејќи цигарите се нелегални, а алкохолот е скап. Сајтот Xpatulator (xpatulator.com) останатите трошоци ги ранкира како многу ниски.
Конституционалната монархија во земјата продолжува со единствениот и креативен пристап кон проблемите на луѓето. Нивниот крал го измислил терминот „Вкупна национална среќа“, што доведе до нов економски модел наречен „субјективна благосостојба“. Исто така планираат да ги банираат пестицидите и со тоа да станат првата земја со целосно органско производство.
2. Тунис, Тунизија
Тунизија може и да ви изгледа опасно. Тунижаните ја соборија нивната влада во 2011, што доведе до револуција во Средниот Исток, вклучувајќи го и конфликтот во Сирија. Но, според Крис Барфилд, американски писател, во Тунис може да се живее и е забавно. Тој вели дека се чувствувал безбедно, но имало малтретирање, особено спрема жените.
3. Манагва, Никарагва
Никарагуа привлекува милиони туристи. Тие доаѓаат да пешачат до вулканот на Исла Ометепе, поради колонијалната архитектура во Леон и Гранада и сурфање на Пацификот. Исто така има хуманитарни работни места.
4. Букурешт, Романија
Букурешт е главниот град на Романија со два милиони жители и е единаесеттиот најголем град во ЕУ. Трошоците за алкохол, намирници и здравство се мали.
Современата Романија е мешавина од различни култури, од античките Рими до Саксоните, Турците и Словените. Меѓу останатите инспирирачки настани во Романската историја, овде деморализирањето на методите на егзекуција доведе до легендата за Дракула.
5. Софија, Бугарија
Бугарија е јужниот сосед на Романија. Двете станале членки на ЕУ во 2007. И двете имаат многу надворешни активности, како сончање на Црно море, скијање на Балкан или Пирин или риболов во реката Дунав.
6.Алжир, Алжир
Туристи ретко го посетуваат Алжир поради политичката и економската нестабилност. Во последно време има напори за стабилизација на владата и економијата, како и фокус за привлекување туристи. И има што да се види, како седум UNESCO World Heritage Sites.
7.Калкута, Индија
Индија е земја на разновидност: над 400 различни јазици, 500 видови на манго. Еве неколку работи што може да ги правите во Индија: сноуборд на Хималаите, возење по реки, можете да го посетите Тикам Чанд, да одите во клубови во Калкута, да сурфате, да одите на ајурведиска масажа.
Цените се ниски, иако значаен процент од населението е екстремно сиромашно. Всушност, Калкута е едно од местата кое е помалку сиромашно.
8. Катманду, Непал
Непал е мала земја (малку поголема од Арканзас), но го содржи Монт Еверест, највисоката точка на земјата на надморска височина
Официјалниот јазик е непалски, но се зборуваат многу други јазици. Осумдесет проценти од популацијата е Хинду. Катманду е главниот град, со 990,000 жители. Четвртина од популацијата живее под линијата на сиромаштија.
9.Исламабад, Пакистан
Пакистан можеби ќе биде добро место за живеење – за неколку години. Но, не сега. Најголемиот и највооружениот териториски спор е во регионот Кашмир. 2.9 милиони авганистански бегалци живеат во Пакистан.
10.Хидерабад, Индија
Градот на бисерите… и сиромашните квартови. 23% од населението живее во сиромашни квартови, а во Калкута 6%.
Извор. think.mk1. Тимфу, Бутан
Би можеле да пешачите на Хималаите, да се претопите во Будизмот и да го присвоите чистиот живот, бидејќи ц