Кои се главните фактори во развојот на личноста?

Според современото научно сваќање на развитокот на човекот влијае наследството, општествената средина и воспитанието но човекот не е пасивен објект туку активен субјект.
Постојат четири главни фактори и тоа:
1. ВОСПИТАНИЕ
Воспитанието во педагогијата се смета дека е раководен фактор во развитокот на детето. Неговата улога произлегува од неговиот свесен, плански и целесообразен карактер, поради што не може да се изедначи со влијанието на општествената средина.
Во детството, кога нервно- мозочниот систем се одликува со најголема пластичност и реактивност, влијанието на воспитанието е најоптимално. Присутноста на факторот средина, адекватна и поволна,е неопходна претпоставка, но воспитанието како свесна и организирана активност овозможува планиран и забрзан развиток на индивидуата. Воспитниот фактор има длабок социјален фактор, бидејки во поширока смисла претставува позајмување на искуството од другите луѓе.Во тоа е и огромната улога: по најкраток пат, на целесообразен и организиран начин да го пренесе работното искуство и работното умеење од една генерација на друга.

2.НАСЛЕДСТВО
Сеуште е присутно мислењето дека наследството претставува сличност со родителите или она што е дадено со раѓањето. Меѓутоа, не мора да постои сличност со родителите, бидејќи наследството може да се носи од поблиските или подалечните предци.Исто така, многу особини при раѓањето не мораат да бидат присутни,иако се засноваат на наследството. Но и она што се носи готово со раѓањето често може да нема наследна основа.
Според генетичката теорија , нешто да е определено со наследството значи да е условено од гените примени од родителите. Всушност, она што е наследено се наследните диспозиции. Диспозициите се пренесуваат преку гените. Не се наследуваат готовите вообичаени способности, туку само диспозициите како анатомско-физиолошки претпоставки на нивниот развој, можности кои можат да бидат остварени но и занемарени, па да закржлават и да се изгубат. За да се развијат во способности потребни се и поволни и поттикнувачки услови кои ке го наведат детето да се занимава со активностите кои ќе допринесат за усвојување на искуството, добри модели поддршка од околината.
За развој на способностите секако се важни и некои својства на личноста: истрајност, фантазија, емоционална стабилност, оптимизам и друго.

 
 
3.СРЕДИНА
Срединските, односно надворешните фактори имаат многу значајна улога во формирањето на човековата личност. Пред се тука спаѓа социјалната средина во која детето расте, начинот на производство и производствените односи, како и општествениот контекст во кој се создале, вклучувајќи ја и културата, владеачките начини на мислење и вредностите, како и начините на воспитание и образование. Но исто така важна е и природната средина, климатските услови, животниот свет. Постојат повеќе причини поради кои детето за да би се развило во зрела личност е потребна грижата на возрасните, како и престојот во средината која соджи одредени социо-културни белези.
4.АКТИВНОСТ
Активноста на човекот претставува релативно самостоен фактор без кој не може да се одвива процесот на неговото експонирање и менување. Таа дејност го издвоила човекот од животните и ја овозможила појавата на човековото општество. Човековиот свет секогаш бил социјален. Создавајки го него, човекот се создава самиот себеси. Ниедна целесообразна дејност не е можна надвор од општеството. Научното гледиште за развитокот на личноста тргнува од тоа дека човекот е општествено, активно и свесно суштество.Човекот стапува во активен однос со средината и ја менува.
Од психолошко и педагошко гледиште, вежбањето на диспозициите, иако е нужно, не е доволно за нивниот развиток.Развитокот на секоја посложена особина и способност бара интензивна свесна активност на индивидуата. Тука постои дијалектичка конструкција: детето го асимилира она што општеството го пружа, само во онаа мерка во која е активно и ангажирано во вистинска интеракција, а не пасивно. Активноста, детската пракса е клуч на успешно напредување во развојот детското дејствување,детското активно општествено искуство и неговото сопствено мислење и изразување се главните средства на неговото воспитание.

Пронајдете не на следниве мрежи: