Кои се кодираните сигнали во сликите на Да Винчи?

Некои од поновите теории за мистериозните слики на Да Винчи ќе можете да ги погледнете во продолжение и да откриете која од нив ви делува најлогично…Мона Лиза
– Лицето на Мона Лиза е всушност лик на маж. Леонардо Да Винчи на таа слика го направи својот прв код, рече професорот Силвано Винчети, кој е претседател на Националниот одбор за вреднување на историското богатство, а воедно е и лидер на научно-техничкиот одбор за анализа на оваа позната слика која се чува во Лувр, во Париз.
„Леонардо ја создаваше оваа слика околу дваесеттина години“, додаде Винчети. Тој тврди дека на сликата се наоѓа лице од истиот маж којшто беше насликан и на „Последната вечера“. Таму тој е Иван, кој седи покрај Исус.
Тоа е Салаи, всушност Џан Џакомо Капроти, кој од 1490 година му беше ученик и слуга на Леонардо. Салаи 25 години работел за овој голем уметник.
Со темелна анализа на сликата, тим експерти открија дека во очите на Мона Лиза се кријат иницијалите Л и С. Се тврдеше дека Л се однесува на Лиса Герардини, на која Леонардо наводно и изработил портрет и по која подоцна овој портрет го добил своето име.
Но, Леонардо не и го дал името на Мона Лиза, туку сликата е насловена многу години подоцна, кога се мислеше дека на неа е насликана Лиса Герардини. Сега е јасно дека буквата Л во нејзиното око најверојатно се однесува на самиот Леонардо, а С е Салаи. Затоа Мона Лиза не е ниту автопортрет, што своевремено исто така беше добро прифатена теорија.
Но, уште една најнова теорија им се има придружено на веќе постоечките. Уметникот Рон Пицирило тврди дека ја реши мистеријата, бидејќи воочил нешто друго на сликата.
Имено, тој тврди дека пронашол глава на лав, мајмун и бик во облаците над главата на Мона Лиза. Животинските ликови тој ги открил сосема случајно, положувајќи ја сликата странично, како што стои во наведените упатства во дневниците на Леонардо Да Винчи.

Пицирило тврди дека неговото откритие го открива и вистинското значење на тоа дело и дека Мона Лиза всушност претставува метафора на зависта. Своите тврдења ги поткрепува со цитати од белешките на Да Винчи. Така, на пример, десната рака на Мона Лиза која благо е свиткана во зглобот, Пицирило ја објаснува со цитатот: „Зависта мора да биде претставена како презриво движење на раката кон небото, бидејќи кога би била во можност би ја искористила својата сила против Бога“.
Освен лавот, мајмунот и бикот, Пицирило уочил и змија, како и челуст од крокодил.

 

Последната вечера
Најново тврдење е дека „Последната вечера“ на Леонардо содржи скриен приказ од жена која држи дете.
Фигурата наводно настанала кога муралот од 15 век бил „преклопен“ од сопствениот одраз во огледалото, така што двете слики се направени да бидат делумно транспарентни.
Според зборовите на Слависо Пеши, италијански сколастичар аматер, крајниот резултат од композитната слика покажува фигура на мало дете кое го држат во рацете.
Циничната опсервација може да заклучи дека дуплата слика е премногу матна и бледа за да се направат било какви заклучоци.
Господинот Пеши одлучи премногу да не шпекулира за тоа кој би можел да биде тоа дете, но интернет следбениците на теоријата на заговор беа брзи при донесувањето на заклучок дека постојат сличности со книгата која воедно беше и бестселер: „Кодот на Да Винчи“, во која Исус се оженил со својата следбеничка Марија Магдалена.
Пеши исто така тврди дека „преклопената“ слика покажува пехар пред Исус Христос – можеби тоа е приказ на неговото благословување на лебот и виното, но и трансформација на двајца луѓе кои седат на масата.
„Збунет сум од оваа работа, има некои детали што упатуваат на тоа дека сите овие работи не се случајност, туку дека се направени со намера“, рече тој.
„Последната вечера“, која е една од најпознатите и најценетите слики на светот, ја претставува вечерата која се одвиваше непосредно пред Христовата смрт, кога им објави на учениците дека еден од нив ќе го издаде.
Долгокосата фигура која наликува на жена во дуплата слика од господин Пеши е Филип, фигура облечена во портокалово која се наоѓа лево од Исус и е трет по ред во оргигиналот.
Мона Лиза
– Лицето на Мона Лиза е всушност лик на маж. Леонардо Да Винчи на таа слика го направи својот прв код, рече проф

Пронајдете не на следниве мрежи: