Кои се навиките за добар сон на успешните луѓе?

Постојат луѓе на кои едноставно им оди се во животот. Тие управуваат со нивните семејства, кариери и одговорности на многу едноставен начин. Се прашувате како тие имаат способност за тоа а вие тонете надолу?Овие луѓе се секогаш победници во трката на животот… А нивната тајна е…
Се работи за  соодветно спиење!
Луѓето кои се добро наспани, се најуспешни, најфокусирани и најсреќни.
Потребен ни е сон со кој ќе ги нахраниме нашите мозоци и тела. Сите ние сакаме да го извлечеме најдоброто од себе, а со ова наше темпо во општеството спиењето стана тежок луксуз.
Еве неколку работи кои можете да ги искористите за да заспиете подобро…
1. Не јадете пред да заспиете
Земете го вашиот оброк 3 часа пред да легнете во кревет. Јадењето веднаш пред да заспиете ќе го уништи вашиот  дигестивен систем и може да ви предизвикува проблеми во стомакот во текот на ноќта.
2. Избегнувајте кофеин и алкохол
Кофеинот претставува стимуланс и го држи телото полно со енергија. Алкохолот на почетокот може да ве смири или да направи да се чувствувате поспани, но токму тоа е всушност причината што се будите по неколку пати во текот на ноќта.
3. Резервирајте го креветот само за спиење
Избегнувајте гледање на телевизија или работа во својот кревет. Тоа нека ви биде место само за спиење.
4. Спречете ја светлината
Светлината всушност го потиснува мелатонинот, кој е одговорен за регулирање на нашите циклуси за сон. Колку е потемна собата толку подобро. Обидете се да спиете со маска за спиење, ќе почувствувате голема разлика.
5. Не спијте премногу
Кога станува збор за спиење, сите ние знаеме да отспиеме и повеќе од потребното. Од прекумереното спиење може да се дојде до срцеви заболувања, дијабетис и депресија. На еден просечен човек му се потребни само 8 часа сон. Ова се разбира варира од личност до личност, но сепак до 8 часа е границата за нормален сон.

Што друго треба да направите?
1. Медитирајте
Број еден поради што не можеме често да заспиеме е стресот. Тука многу ќе ви помогне медитацијата. Таа ќе ви отвори еден сосема нов свет. Со неа ќе го исклучите својот ум и ќе имате полесен сон.
Во прилог на медитацијата се практикуваат различни техники на релаксација како што се…
Длабоко дишење 
Вдишувајте и издишувајте длабоко. Правете прогресивна релаксација на мускулите. Извадете се од вашата глава и фокусирајте се на сензациите во вашето тело. Користете слики и визуализација на некои мирни места. Користете го звукот, звуците на океанот на пример можат да бидат доста релаксирачки и да ве однесат милји подалеку од вашата мака.
2. Моќта на организацијата и позитивното мислење
Пред спиење, направете си листа на сите неверојатни нешта што ви се случиле во текот на денот. Изразувањето благодарност исто така го подобрува вашето спиење.
3. Вежби
Се што треба е да ја прошириме нашата енергија. Вежбите ќе ви направат да се чувствувате многу подобро и се исто така доста корисни за сонот. Користете ја јогата во утринските часови или пред да запиете како стимулација на вашето тело.

4. Пијте чај за релаксација
Напијте се убав чај пред да легнете да спиете. Аромата ќе ве опушти и смири и ќе ви помогне да заспиете како бебе.
5. Станувајте рано
Ова е тајната состојка за успехот. Ако сакате да постигнете големи работи и да останете организирани, започнете да станувате порано.
6. Секоја вечер легнувајте во исто време и будете се во исто време.Дури и за време на викендите.
7. Спијте во поладна соба
Истражувањето сугерира дека  најдобро се спие ако температурата на вашата соба е пониска. 
8. Сетете се дека животот продолжува
Ниеден проблем на светот не е нерешлив. Сетете се дека секогаш постои надеж за подобро утро. Рамислувајте позитивно. Добрите мисли му помагаат на телото да се чувствува смирено, а тоа влијае и на мирниот сон.
9. Смејте се повеќе
Смеата и хуморот помагаат за стресот. Престанете да ги сфаќате работите толку сериозно. Животот е прекраток за да го поминете во грижи.
10. Напишете си ги своите желби на еден лист и ставете си го веднаш до вас
Така, првото нешто кога ќе станете од спиење ќе биде погледот кон вашите цели. Ако посакувате унапредување запишете го со големи букви и читајте го секој ден. Тоа е единствената тајна за успех. Се што и праќате на вселената таа ќе ви возврати назад.
Навиките за спиење се суштинскиот дел од вашиот начин на живот. Не чекајте создадете ги вашите навики уште вечерва!Овие луѓе се секогаш победници во трката на животот… А нивната тајна е…
Се работи за  соодветно спиење!
Л

Пронајдете не на следниве мрежи: