Кои се правилата и навиките кои Никола Тесла ги користел за да го вежба својот ум?

Тесла несомнено бил еден од најголемите умови, но што допринело кон тоа? Дали постојат трикови со кои големиот пронаоѓач се трудел да ја зголеми продуктивноста и најбитното, дали можеме и ние да ги примениме за да станеме успешни?Еден американски сајт состави листа навики со кои Никола Тесла успеал да стане голем ум. Иако Тесла имал и лоши навики, како што е спиењето од само два часа, сепак, тоа што го остварил не би било можно без стриктниот сет правила за зголемување на продуктивноста.
Дознајте кои се тие…

 
1. Добро размислете пред да направите нешто
Во својата автобиографија, Тесла вака го опишува овој процес:
-Мојата метода е поинаква. Јас не брзам во некоја конкретна работа. Кога ќе ми дојде идеја, веднаш почнувам да ја развивам во својата фантазија. Ја менувам конструкцијата, правам унапредувања и управувам со машината во мојата глава. Потполно е небитно за мене дали турбината ќе ја тестирам во главата или во работилницата. Забележувам кога знам дека не работам добро. Разлика нема, а резултатот е ист“, запишал Тесла.
2. Одете во прошетка
Познато е дека одењето во прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. И Тесла размислувал на овој начин. Иако неговите прошетки станале дел од опсесивно-компулзивното однесување, тој своите неколку „еурека“ моменти ги доживеал тогаш. Една од нив му ја донела идејата за наизменичната струја.
3. Сами работете на своите проблеми
Ова е еден од најпознатите цитати на Тесла:
„Умот е поостар и посконцентриран во осаменоста и непрекинатата самотија. За размислување не е потребна било каква голема лабораторија. Оригиналноста пристигнува од осаменоста која е ослободена од разните влијанија кои можат да му наштетат на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачите. Бидете сами, затоа што тогаш се раѓаат идеите.“Еден американски сајт состави листа навики со кои Никола Тесла успеал да стане голем ум. Иако Тесла имал и лоши навики, како што е спиењето од само

Пронајдете не на следниве мрежи: