Кои знаци на телото укажуваат на проблеми со срцето?

Можеби ќе ви звучи неверојатно, но болката во бубрезите може да биде сериозен показател дека на вашето срце му е потребно внимание.После спороведеното истражување во кое учествувале над 240.000 учесници, се открило дека историјата на бубрежни заболувања е директно поврзана со зголемувањето на ризикот од коронарна срцева болест. И не ги загрозува мажите, туку само жените.
Претходните истражувања покажале дека бубрежните заболувања се поврзуваат со други системски заболувања како што се високиот крвен притисок или дијабетис. Но, со последните истражувања на Пјетро Мануел Фераро од болницата „Колумбо Џемели“ во Рим, се утврдило дека жените со бубрежни заболувања изложени се на поголем ризик од развој на коронарна срцева болест, независно од другите кардиоваскуларни заболувања.
Иако нема убедливо објаснување зошто од овој ризик страдаат само жените, сепак Др. Фераро забележува дека хормоналните разлики би можеле да бидат потенцијален виновник. Исто така, не се исклучува ни можноста причина за ова да се и разликите во метаболизмот на калциумот помеѓу мажите и жените. Калциумот е една од главните компоненти на бубрежниот камен, како и на дел од атеросклеротичните наслаги за кои се смета дека се чест виновник за појава на коронарна срцева болест.
Повеќе на najadise.mkПосле спороведеното истражување во кое учествувале над 240.000 учесници, се открило дека историјата на бубрежни заболувања е директно поврзана со з

Пронајдете не на следниве мрежи: