Кои знаци откриваат дека тој е вистинскиот маж за вас!

На некои им треба долго време да ја пронајдат љубовта, додека некои ја имаат уште од детството. Сепак, се работи за една единствена љубов. Онаа која не прави среќни, возбудени и растреперени.Ако се наоѓате во врска која веќе подолго трае или пак сте започнале нова и ве интересира што може да очекувате, овие 15 знаци ќе ви откријат дали тој е вашиот иден сопруг.
1. Се фали со вас – Ве спомнува, ги раскажува вашите успеси и сака кога постојано сте му на врв на јазик.
2. Прави ситни, но значајни жртви – Доволно е да го прескокне тренингот или да не отиде на пиво со пријателите за да ја разберете неговата жртва. Ако го прави тоа, тогаш сигурно без размислување ќе стави рака во оган за вас.
3. Се наоѓате на иста бранова должина – Имате слични погледи, слични сонови и размислувања за кариерата, семејството, иднината…
4. Не се обидува да ве промени – Ве сака со сите маани, баш онакви какви што ве запозна првиот ден.
5. Може да се замисли со вас во брак – Кога ќе спомене брак или заедничко живеење кое ве вклучува лично вас, сè ви е јасно.
6. Можете да „преживеете“ и повеќе од 1 месец разделени – Ако нешто вакво се случи или се случило, секако дека е тажно, страшно и тешко, но сигурни сте дека ќе успеете.

7. Не ја користи фразата „Ми недостасуваш“ – Да ви прати порака е сосема во ред, но „Ми недостасуваш“ е навистина непотребно кога сте излезени, на состанок, на работа или на семеен ручек.
8. Го сака својот личен простор, но ве гледа и вас во него – Секој сака да се дружи со пријателите и да излегува, но често сака и вие да бидете вклучени.
9. Сака и знае да ве слуша – Каков разговор сте имале со пријателката, колегата, шефот… тој нема проблем да седне и сослуша.

10. Отворени сте во сексот – Комуницирате, отворени сте на тоа поле и точно знаете кој што сака, а што не.
11.Заедно ги планирате случувањата во следните 6 месеци или повеќе – Заедно правите планови за годишен одмор или викенд патување? Одличен знак.
12. Можете да се исплачете пред него – Без срам, без криење, без непријатности…
13. Добро се согласува со вашите родители – Не му е проблем да се слушне со вашиот брат или татко. Нема срам затоа што е свесен дека сега тие се дел од семејството.
14. Нема проблем со вашите пријателки – Па дури и кога го терате да поседи барем малку со вашето женско друштво.
15. Знае да каже колку сте прекрасни, сосема спонтано – И по некоја случајност, тоа е денот кога не сте се нашминкале, не сте ја измиле косата или сте ги облекле најшироките тренерки.Ако се наоѓате во врска која веќе подолго трае или пак сте започнале нова и ве интересира што може да очекувате, овие 15 знаци ќе ви откријат дали

Пронајдете не на следниве мрежи: